Ангеловска: Дупката во буџетот од коронакризата ќе биде меѓу 700 милиони евра и 1,3 милијарди, парите од заемите ги чекаме во мај
Објавено во: Финансии 01 Април, 2020 12:28
Поради корона кризата приходите во буџетот годинава ќе паднат меѓу 20 и 40 отсто отсто, а тоа ќе доведе до дупка меѓу 700 милиони евра и 1,3 милијарди евра, покрај првично планираниот дефицит од 300 милиони евра, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска.
Ова го покажале сценаријата што ги направиле во министерството за финансии.
Изминатите неколку дена се поставуваше прашањето за помалата наплата на приходите, и како е тоа можно, рече Ангеловска, па таа излезе пред јавноста да ја објасни транспарентно состојбата.
Реализацијата на приходите годинава почнала добро, и во првите два месеци имало одлична реализација, согласно планот, или подобра наплата од лани во јануари за 4,6 отсто и за 4 проценти во февруари. Добра реализација имао и на стартот на март.
Буетот не е куп пари, туку проекција како ќе се полни и празни буџетската каса, вели првата финансиерка.
„Преземањето на мерките за коронавирусот делуваа на намалување на економската активност, што се рефлектираше и на полнењето на буџетот. Од 20 март, кога почнаа да се чувствуваат мерките, се забележува остар пад односно намалување за 25 отсто на буџетските приходи во просек на дневно ниво. Или доведе до пад на вкупните даночни приходи во март за 11 отсто во однос на претходната година. Се должи на пад на ДДВ за 17 отсто, акцизите 11 отсто, и данокот на добивка за 11 отсто, иако имаше фирми кои авансно го уплатија овој данок“, рече Ангеловска.
Во МФ во изминатиот период работеле на повеќе сценарија. Тешко е да се предвидат случувањата, па затоа нивните сценарија постојано се обновуваат.
Има три основни сценарија, поволно, неповолно и најнеповолно. Кај сите сценарија најголемиот пад на даноците се очекува во вториот квартал, од 40 до 65 отсто кај секој вид данок. За третиот и четвртиот квартал се различни претпоставките кога ќе почне економското обновување.
„Колкава ќе биде дупката, точно зависи од тоа колку ќе се зголемат потребите за финансирање и кое сценарио ќе биде реалност. Буџетскиот дефицит требаше да биде 300 милиони евра на стартот. Планот за финансирање беше креиран како да се покрива овој дефицит, и отплатата на долговите што доспеаваат. Колку ќе биде поголем дефицитот ќе зависи од тоа колку ќе падне наплатата на приходите во однос на планот“, рече министерката.
За расходите, и покрај предвидените здравствени потреби и економските мерки, сите сценарија предвидуваат расходите кои биле планирани од 3,9 милијарди евра да се реализираат целосно, 98 до 99 отсто, но со суштински промеми во структурата, односно ќе има значајни реалокации меѓу буџетските корисници и пренамени, и секако кратење на непродуктивни расходи, за да има за здравството и за економските мерки.
За кратење на непродуктивни трошоци има различни предлози во МФ, еден сет денеска ќе биде предложен на владината седница.
Првото поповолно сценарио предвидува пад на буџетските приходи за 20 отсто во однос на планот, што би значело намалување на приходите грубо за околу 700 милиони евра, односно за исто толку би се зголемил дефицитот и тој би изнесувал многу повеќе.
Во второто неповолно сценарио падот би бил 30 отсто на буџетските приходи и потребите би се зголемиле за една милијарди евра.
И во третото сценарио, најнеповолно, ако приходите паднат за 40 отсто, дополнителните потреби би биле 1,3 милијарди евра.
„Важно е да сме подготвени за најлошото и да повлекуваме чекори и мерки за да се случи најдоброто. Треба да сме брзи, флексибилни и агилни за да се намалт штетите врз економијата“, вели Ангеловска.
За сите овие сценарија МФ има и сценарија за финансирање, но како што нагласи Ангеловска, треба да се има предвид дека непредвидливоста и ранливоста на пазарите на капитал е предизвик.
„Во тек е постапка за обезбедување пари од ММФ и СБ и заемот до еврообврзнца. Сите постапки се во тек и се очекува во мај да ги обезбедиме овие средства од 600 милиони евра. Тие се доволни за да се финансира расходната стана, економските мерки, и потребире на здравствениот сектор“, рече Ангеловска.
И тука има повеќе сценарија, која би била прва и втора опција.
„Ако се однесуваме одговорно сите ние, здравствената криза ќе заврши побрзо и здравствените мерки што ја забавуваат економијта исто ќе завршат побрзо. Со двата пакети економсмки мерки имаме за цел да го амортизираме ударот и да ги заштитиме работните места“, нагласи министерката.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





