18 Јануари, 2021
0.0300

Јавната администрација куртули, функционери на минималец, половина плата за тие што изгубиле работа

Објавено во: Економија 31 Март, 2020

Компании кои се погодени од кризата, меѓу нив и медиуми ќе добијат за април и мај субвенција од државата во износ од мимална плата или 14.500 денари месечно по работник. Сите функционери ќе земаат истовремено во тие месеци само по 14.500 денари односно минималец – а таква плата ќе има и претседателот на државата, премиерот, министрите, директорите. Ова се дел од пакетот 17 мерки кои Владата ги усвои како втор сет мерки за помош на македонската економија. Пред да ги соопшти, премиерот Оливер Спасовски рече дека ова е најголема закана по Втората светска војна. Рече дека од здравствен аспект презеле доста мерки кои даваат резултат. Со економските се надева дека ќе се овозможи нормално функционирање на буџетот и ќе се задржат што повеќе работни места. 

Со првата мерка, како што рече, предвидена е финансиска поддршка на погодени од кризата правни субјекти, работодавачи од приватниот сектор за месеците април и мај 2020 година, со износ на минимална плата 14.500 денари месечно по работник.

„Со мерката се поддржува ликвидноста на работодавачите од приватниот сектор, односно се намалуваат нивните трошоци за плати во функција на заштитата на работните места на работниците во услови на криза. Со цел спроведување на мерката ќе биде отворена владина Програма за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19. Работодавачите, правни субјекти од приватниот сектор самостојно ќе ја исплатат платата на редовен начин преку алатката МПИН на Управата за јавни приходи. Работодавачите од приватниот сектор баратели на финансиска поддршка ќе треба да исполнат неколку услови за да ја користат мерката - да не исплаќаат дивиденди на сопствениците како и бонуси, годишни награди, награди за деловна успешност и на вработените и членовите на органите на управување и надзор на работодавачот, да имаат најмалку 30 проценти намалување на приходите споредено со просекот од минатата година сезонскиот просек, рече Спасовски.

Оваа мерка ги опфаќа и медиумските правни субјекти од приватниот сектор, под истите услови.

Втората мерка е за сите спортски работници вработени во спортските здруженија - Владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај.

За 141 самостоен уметник ќе биде обезбедена минимална плата за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.

Како што рече Спасовски Владата ќе обезбеди месечна плата (паричен надоместок) за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50 отсто од просечната плата на работникот, во време од 6 месеци.

„За граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа паричен надомест – месечна плата, секој месец во висина од 50 отсто од просечната месечна нето плата, а најмногу до 80 проценти од просечна плата во РСМ на работникот за последните 24 месеци односно согласно член 68 од законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, рече Спасовски.

Додаде дека нема да се намали платата на јавната администрација но само на избраните функционери.

„Сите избрани и именувани функционери ќе примаат минимална плата од 14.500 денари во април и мај 2020 година. Сите избрани и именувани функционери на државно и на локално ниво ќе земат минимална нето плата сметано од декември 2019 од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година. Претседател на Влада, на државата, сите министри, директори, градоначалници и сите останати избрани и менувани на национално и локалано ниво ќе се применува уредбата, но не и за именувани во здравствени јавни установи, рече Спасовски.

Исто така претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции од извршна и локална власта нема да земаат надомест за времетраење на кризата

Се носи мерка за надомест од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија. За оние лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија овозможуваме брз влез во системот на социјална заштита за месец април и мај. Тие ќе добијат просечно по 7.000 денари по домаќинство. Проценетиот опфат со новите мерки изнесува околу 20.000 нови домаќинства од неформална економија и 30.000 постоечки корисници.

Се суспендира односно запира законот за извршување до крајот на јуни, како што беше и речено претходно. Од Владата соопштија и за одлуката за промена на условите за враќање на кредити кон банките за граѓаните.

„Кредитите на физичките лица да се репрограмираат со намалување на ратите во следните три месеци за 70 отсто од ратата и со продолжување на рокот за отплата за најмалку 90 дена од доспевање. Додека за кредитите кај правните лица ќе се одлучува индивидуално со предлагање на најсоодветни поволности согласно потребите на компаниите. Нови договори за кредити да се одобруваат со 3 месеци грејс период. Со намалување на законската затезна камата СВТ кој до сега изнесуваше 51 отсто, сега се намалува на 31 проценти, додека останатите трошоци кои друштвата ги наплаќаат се ограничуваат на 20 остто од одобрениот кредит, рече Спасовски.

Другите мерки се ослободување од плаќање закуп корисниците на социјалните станови, Развојната банка на Северна Македонија, покрај 5,7 милиони ќе пушти и дополнителни 8 милиони бескаматни кредити зa микро, мали и средни претпријатија кои може да го земе компанијата во зависност од бројот на вработени.

За време на кризата и 6 месеци по кризата се забранува отварање на стечајни постапки.

Задолжително да се користи првиот дел од годишниот одмор (за 2020) година, односно задолжително доискоростување на годишниот одмор од лани - во јавниот сектор.

Да се отвори посебна наменска сметка во Владата за примање на донации од правни и физички лица кои ќе имаат можност и волја да донираат средства кои ќе се користат за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот.

И мерката 17 е намалување на авторски хонорари. Лицата кои по било кој основ се ангажирани преку авторски хонорари, кои се истовремено некаде вработени ќе им се исплаќа 50 отсто помал хонорар од договорот кој го имаат потпишано. Оваа мерка нема да се применува доколку лицето е невработено и примањата од авторскиот договор му се единствени примања.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ШАХПАСКА ЗА ЗАКОНИТЕ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ: Не за жени со 62, туку за сите е 64 години

ШАХПАСКА ЗА ЗАКОНИТЕ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ: Не за жени со 62, туку за сите е 64 години

ИМА ШАНСИ ЛОКАЛИТЕ И РЕСТОРАНИТЕ ДА РАБОТАТ ДО 23 ЧАСОТ - конечниот збор ќе го каже Комисијата за заразни болести

ИМА ШАНСИ ЛОКАЛИТЕ И РЕСТОРАНИТЕ ДА РАБОТАТ ДО 23 ЧАСОТ - конечниот збор ќе го каже Комисијата за заразни болести

Горивата поскапуваат од денар до денар и половина - еве ја новата одлука на регулаторите

Горивата поскапуваат од денар до денар и половина - еве ја новата одлука на регулаторите

СДСМ најавува 23 милијарди денари за капитални инвестиции во 2021

СДСМ најавува 23 милијарди денари за капитални инвестиции во 2021

Владата му даде милион евра аванс на АД ЕСМ за да ја докупи зградата на ЕВН

Владата му даде милион евра аванс на АД ЕСМ за да ја докупи зградата на ЕВН

Цените на становите во вис и покрај кризата: Достигнат ценовниот бум од 2010 година

Цените на становите во вис и покрај кризата: Достигнат ценовниот бум од 2010 година

ДОАЃА ВРЕМЕТО НА ЗДРАВАТА ХРАНА - како мала фирма за барови ги освои домашните потрошувачи

ДОАЃА ВРЕМЕТО НА ЗДРАВАТА ХРАНА - како мала фирма за барови ги освои домашните потрошувачи

ИНТЕРВЈУ ХАЏИДИНЕВ: Никогаш досега не сме билe постабилни и со поголем потенцијал

ИНТЕРВЈУ ХАЏИДИНЕВ: Никогаш досега не сме билe постабилни и со поголем потенцијал

РАБОТЕЛЕ ЗА ПЛАТА ОД 2 ДЕНАРИ: Чевларска компанија од Штип толку плата им исплатила на работниците за септември

РАБОТЕЛЕ ЗА ПЛАТА ОД 2 ДЕНАРИ: Чевларска компанија од Штип толку плата им исплатила на работниците за септември