18 Јуни, 2024
0.0337

Слаба реализација, мега проекција - Колку милиони ќе троши владата на капитални инвестиции?

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Владата буџетираше рекордни над 600 милиони евра наменети за капитални расходи за цела 2022 година. Сумата делува амбициозно со предвидени планови за инфраструктурна офанзива, но искусвото од минатите години покажа дека реализацијата на проектираните средства ретко достигнува 80%.

Владата за 2021 година предвиде 391 милиони евра за капитални инвестиции, а потоа со ребалансот ги зголеми на 484 милиони евра. Кога ќе се погледне реализацијата од околу 80% се доаѓа до сума од искористени 380 милиони евра, или мининално потфрлање и според првичната проекција.

Колку трошеле институциите за капитални расходи?

Според расположливите податоци од Министерството за финансии за 2021 година најголем буџет бил предвиден за Функциите на државата кои ги распоредува токму овој ресор. За оваа ставка биле потрошени 109 милиони евра, а нешто над 35 милиони евра останале неискористени.

Со реализација од само 65% не се „прославило“ ниту Министерството за транспорт и врски. Од буџетски предвидените речиси 50 милиони евра, искористени биле околу 32 милиони евра за капитални инвестиции.


Министерството за одбрана, Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имаат најдобра реализација од речиси 90%. За одбрана биле потрошени речиси 40 милиони евра, Владата потрошила нешто над 30 милиони евра, а во земјоделството се инвестирани нешто над 27 милиони евра.

Од институциите со најголеми буџети за капитални расходи, најслаба реализација има Министерството за труд и социјална политика. Потрошени биле само половина од предвидените 27,6 милиони евра.

Година на мега капитални инвестиции?

За 2022 година според најамбициозниот буџет досега предвидени се капитални инвестиции во висина од речиси 623,1 милиони евра. Како што најави Владата во следните четири години треба да се издвојат 4 милијарди евра за капитални инвестиции, што значи во секоја наредна година оваа сума ќе се зголемува. Ставката за капиталните трошоци се зголемува за 27% во однос на ланската година.

Но, мора да се потенцира дека тоа се засега само проекциии, а многу ќе зависи колкава ќе биде реализацијата на планираните средства.

Институциите најчесто потфрлаат со реализацијата поради слабите проекти, недоволната мобилизација и несоодветен кадар.

Во 2020 година првичниот план бил да се потрошат 386 милиони евра за капитални инвестиции, со ребаланс на буџетот биле скратени на 319 милиони евра по избивање на пандемијата, а потоа реализацијата се свела на 262 милиони евра. Во 2019 година предвидени биле 422 милиони евра, а реализацијата стигнала до 290 милиони евра капитални инвестиции. Во 2018 година се бележи една од најслабите реализации од речиси 50%, односно од предвидените 391 милиони евра се искористиле само половина за капитални инвестиции.

За годината која е пред нас како ставки на предвидените инвестиции издвојуваме дека се планирани околу 160 милиони евра за градежни зафати, 139,2 милиони евра за опрема и машини, но и 5,5 милиони евра за набавка на возила, како и 1,7 милиони евра за набавка на мебел. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСМЕТКА НА ГЕРМАНСКИТЕ СТАТИСТИЧАРИ: Поевтино е да се летува во Хрватска или Шпанија?

ПРЕСМЕТКА НА ГЕРМАНСКИТЕ СТАТИСТИЧАРИ: Поевтино е да се летува во Хрватска или Шпанија?

Од 1 септември радикално поскапуваат нотарските услуги

Од 1 септември радикално поскапуваат нотарските услуги

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕУ ПОРАСНА: Романија, Белгија и Хрватска бележат најголеми поскапувања

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕУ ПОРАСНА: Романија, Белгија и Хрватска бележат најголеми поскапувања

Бојан Стојановски: Наскоро закони за помали даноци и поголеми пензии

Бојан Стојановски: Наскоро закони за помали даноци и поголеми пензии

Здравјето нема цена! Кои се најголемите аптеки, како заработуваат и колку вработуваат?

Здравјето нема цена! Кои се најголемите аптеки, како заработуваат и колку вработуваат?

КАКО КАМБОЏА ПЛАНИРА ДА ПРИВЛЕЧЕ ПОВЕЌЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ И ДА ГО ЗГОЛЕМИ ИЗВОЗОТ - ќе ѝ помогне договорот за регионално сеопфатно економско партнерство RCEP

КАКО КАМБОЏА ПЛАНИРА ДА ПРИВЛЕЧЕ ПОВЕЌЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ И ДА ГО ЗГОЛЕМИ ИЗВОЗОТ - ќе ѝ помогне договорот за регионално сеопфатно економско партнерство RCEP

ГОЛЕМА ПРОМЕНА: Цената на бакарот падна на најниско ниво во последните два месеци

ГОЛЕМА ПРОМЕНА: Цената на бакарот падна на најниско ниво во последните два месеци

Кој ги гради фабриките за странските инвеститори во технолошките зони во Македонија?

Кој ги гради фабриките за странските инвеститори во технолошките зони во Македонија?

КОЛКУ ЌЕ ПОСКАПИ СТРУЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА? Еве од што зависи новата цена

КОЛКУ ЌЕ ПОСКАПИ СТРУЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА? Еве од што зависи новата цена