22 Јануари, 2021
0.0315

СКМ: Очекуваме нови мерки, во спротивно товарот од кризата ќе падне на приватниот сектор

Објавено во: Економија 01 Април, 2020

Откако вчера Владата го објави вториот сет економски мерки, од Стопанската комора на Македонија велат дека за да можат тие соодветно да се оценат, потребно е, најпрво да се видат пропратните уредби и објави во Службен весник во кои ќе бидат содржани сите конкретни детали за мерките. 

По донесување на овие уредби и нивното објавување во Службен весник, Стопанската комора на Македонија, ќе направи анкетирање на своите компании членки, исто како што беше случај и со првиот сет мерки, и тогаш ќе може да ги сумира оценките за новите економски мерки.

Во моментов можат да се дадат само некои принципиелни согледувања за вчера објавениот втор сет мерки, велат од комората.

Според Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања, јасно е дека неповолните економски случувања поврзани со коронавирус-кризата негативно се одразуваат на буџетот на државата. 

„Оттаму, станува јасно дека во моментов Владата располага со ограничени финансиски ресурси и тоа е факт што влијае на дизајнот на мерките. Имајќи го предвид овој ограничувачки елемент, споредбите со други земји кои имаат поголем финансиски капацитет, тековен или потенцијален, во суштина не помагаат“, вели Јовановски.

Понатаму, нагласува, во услови на висок степен на неизвесност за тоа што носи иднината во поглед на рестартирањето на економијата и полнењето на буџетот на државата, нивната перцепција е дека Владата се подготвува за креирање на финансиски капацитет што ќе може да ги поддржува економските мерки и во малку подолг временски период. Тоа значи дека всушност се прави распоред на силите и на финансиските средства. 

„Ние претпоставуваме дека ова не е последниот сет на мерки и дека ќе следат нови штом државата обезбеди дополнителни финансиски средства по пат на позајмување. Всушност, тогаш и ќе можеме да ја согледаме целината на мерките и неа соодветно да ја оцениме“, потенцира Јовановски.

Според него, досегашните мерки се примарно насочени кон зачувување на нископлатените работни места.

„Ние очекуваме дека ќе бидат донесени и нови мерки. Доколку тоа не се случи, тогаш товарот од кризата во најголем дел ќе падне на приватниот сектор“, потенцира Јовановски.

Можеби ќе ве интересира

Програмерите земаат највисоки плати

Програмерите земаат највисоки плати

Владата се пофали со растот на просечната плата

Владата се пофали со растот на просечната плата

Кој плати повеќе од 100.000 евра за акции во „Макпетрол“?

Кој плати повеќе од 100.000 евра за акции во „Макпетрол“?

Кафеаните со гости до 21 часот, ама газдите бараат нови субвенции

Кафеаните со гости до 21 часот, ама газдите бараат нови субвенции

Милески застана на чело на МДН Обезбедување: Пораснав и го печев занаетот во фирмата, квалитетот останува приоритет

Милески застана на чело на МДН Обезбедување: Пораснав и го печев занаетот во фирмата, квалитетот останува приоритет

Бајрам Реџепи: 33-те милиони евра ќе му ги префрлиме на „Макпетрол“ кога Владата ќе донесе одлука

Бајрам Реџепи: 33-те милиони евра ќе му ги префрлиме на „Макпетрол“ кога Владата ќе донесе одлука

Угостителските објекти ќе работат до 21 часот со некои исклучоци

Угостителските објекти ќе работат до 21 часот со некои исклучоци

Во Словенија минималецот скокна над 1.000 евра

Во Словенија минималецот скокна над 1.000 евра

И оваа година субвенции за вградување на погон на ТНГ или метан во возилата

И оваа година субвенции за вградување на погон на ТНГ или метан во возилата