21 Мај, 2024
0.0358

Образовен систем заглавен во лоши реформи, каде се решенијата?

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Синтагмата силен образовен систем во својата суштина  подразбира силна база за градење на граѓани на новото време. Тоа треба да значи создавање и функционирање на концепт на современо училиште, силна поддршка на учениците во процесот на едукација, продукција на кадри кои ќе стекнат висока подготвеност за вклучување во општествениот живот и најважно – градење на систем на вредности според кој поединецот ќе работи на свој личен, но и развој на заедницата.

Денеска се одбележува 5 Октомври, Светскиот ден на учителите, но сеуште според познавачите силно  се чувствуваат последиците од притисоците, неуспешните реформи и предизвиците пред кои е исправен македонскиот просветен работник.

Професорката по филозофија Даниела Николова за Фактор вели дека образовниот систем во нашата држава се соочува со сериозни проблеми бидејќи во изминатата деценија се превземени такви „реформи“ што ќе претставуваат сериозен проблем на еден извесен период. Континуирано, години наназад, смета дека се создаваше образовен систем во кој се оневозможуваше развој на мислата, развој на интелектот, а во такви услови  не може да има  напредок, нема подобрување на квалитетот во било која смисла. Образовниот систем  според неа има за задача, на младите личности, да им овозможи добра подготовка со која тие ќе можат да одговорат на потребите за градење на едно модерно и отворено општество.

“Нивото на квалитетот на образованието укажува на тоа колку сме посветени на иднината и опстојбата на младите луѓе. Да не заборавиме дека токму тие се креаторите на иднината воопшто. Образовниот систем  треба да создаде услови во кои личноста ќе изгради чувство на одговорност кон себе и заедницата, услови во кои креативноста на младешкиот дух ќе биде на прво место. Таа креативност надополнета со знаењата кои се усвојуваат низ образовниот процес, а кои треба да бидат применливи, создаваат услови за напредок на сите”  - вели професорката Николова.

Наставникот, поради природата на својата работа според неа, секојдневно е исправен пред некој предизвик. Но како што вели, во подолг временски период наназад, предизвикот да се остане наставник или учител кој ќе ги подучува младите на вистинските вредности стана најважниот предизвик. Притисоците на кои беше изложен наставникот, а кои беа изразени низ најразлични форми последните десетина години, смета дека имаа за цел да создадат несигурен наставник, исплашен, податлив за манипулации. Тоа се сериозни проблеми кои го оневозможуваа  напредувањето на образованието во еден модерен и креативен процес во поширока смисла, а таквиот наставник според професорката Николова е  оневозможен да помага во создавање на автономни личности кои ќе ја креираат иднината.

“Наставниците секогаш треба да се на страна на знаењето и вистината. А, токму тие беа прегазени кај нас.  Во секое демократско општество, тенденција е да се создаваат личности кои ќе бидат вклучени во јавното живеење и ќе даваат придонес во онаа област на дејствување каде се чувствуваат најподготвени. Тоа значи да се говори за проблемите на живеењето и низ партнерски однос со институциите да се решава тие животни проблеми. Со знаењата, со чувството на одговорност, човекот треба да биде подготвен за решавање на сите проблеми на своето општество и на човештвото. Тоа пак води кон заклучокот дека образованието е најважниот столб на едно општество. Во него наставникот еден од важните чинители, кој преку своите заложби ќе треба да го сочува здравото општество за идните генерации. Образовниот систем мора да се ослободи од стегите во кој е поставен. Тоа е возможно само со заложба на сите чинители во него. Наставниците, учениците, родителите, институциите задолжени за образовниот процес треба да се почувствуваат како партнери во намерата да стигнат до иста цел, вистинско знаење”- потенцира професорката по филозофија. 

Изместениот вредносен систем, во кој материјалните добра се на прво место,како што вели  може да се корегира само со ангажман на сите чинители. Во општество во кое младиот човек, во практиката речиси и да не сретнува модел на успешен човек кој низ својот личен ангажман и знаење стигнал до општественото скалило на кое што е, смета дека навистина  е  тешко да се очекува брзо враќање на почитувањето на вистинските човекови вредности.

“Општествените промени кои ќе ја подразбираат слободата на мислата и зборот се првиот предуслов да се вратиме кон заедница која ќе ги почитува вистинските квалитети. Наставникот кој нема да е заплашуван, изложуван на закани, ќе биде подготвен со својата креативност, заложба и знаење да создава млади личности кои ќе бидат одговорни. Само така наставникот ќе ужива авторитет и почит кај сите во заедницата. Во такви услови нема да биде потребно да зборуваме за незадоволство и потреба од стравопочит”- додава професорката  Николова.

Првите сигнали кои доаѓаат од институциите во овие неколку месеци, според неа  ветуваат правилен однос кон образовниот процес. Активностите кои се превземаат, а во кои се вклучени наставниците, вели укажуваат на тоа дека се создаваат услови за вистинско негово почитување.

“Очекувам дека и следните чекори ќе не водат кон освестувањето на она што го искажал Талес уште во Антиката – „Необразованоста е тежок товар!“- порачува професорката Даниела Николова. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази