19 Мај, 2024
0.2442

СИНДИКАТОТ БАРА ОСТАВКА ИЛИ РАЗРЕШУВАЊЕ НА В.Д. ДИРЕКТОРОТ НА ВОДОВОД - велат: Не може да праќа хидроинжинери по чуварски куќички

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Да се разреши в.д. директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“-Скопје, Марјан Митовски, поради кршење на работничките права, кршење на Законот и Колективниот договор за комунални дејности побараа денеска од репрезентативниот синдикат за комунални дејности СУТКОЗ при Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

„Ги повикувам и градоначалничката и Советот на Град Скопје, а денеска ќе повикаме и на итна седница на Управниот одбор на ’Водовод и канализација‘ да го разреши овој човек кој уште неседнат како вршител на должност прави раздор и селекција, прекршува закони и колективни договори и не си ги извршува работните задачи согласно закон и колективен договор. Градоначалничке, Совет на Град Скопје, немојте да дозволите како што вчера што немавте градски превоз да се доведете да немате ниту вода за пиење во Градот Скопје“, нагласи Дарко Димовски, претседател на ССМ и Синдикатот СУТКОЗ на прес-конференција пред зградата на Водовод и канализација Скопје.

„Ние не викаме дека ќе го прекинеме снабдувањето со вода, велиме да не се доведе во ситуација како незадоволни работници да го направат тоа, да не дојдат на своите работни места или да не смени задолжененија и на тој начин да предизвика прекин во снабдувањето со вода на главниот град“,дополни претседателот Димовски.

Од Синдикатот велат дека се револтирани од односот на в.д. директорот кон вработените бидејќи со незаконски задолженија се распределуваат на несоодветни работни места кое не им се предвидени со договорот за работа.

Соодветни Решенијае за незаконско постапување донеле и Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат со што се потврдуваат укажувањата на ССМ и СУТКОЗ преку медиумите и на средбата со Митовски дека ваквите постапки се крајно незаконити и дека за истите ќе мора да се понесе одговорност .

„Не може хидроинженери да праќаме по чуварски куќички, не може возачи на специјални возила да седат во базата и да не работат ништо затоа што не му се допаѓаат на в.д. директорот. Ова како репрезентативен синдикат за комунални дејности, го пријавивме до државниот управен инспекторат и до државниот инспекторат за труд. Известувањата и решенијата што ги добивме јасно кажуваат дека директорот Марјан Митовски работи противзаконски и ги крши работничките права. Го доставивме до него, но наместо да ги врати работниците онаму каде кажува договорот за работа, тој и понатаму ги игнорира решенијата на инспекторатите“, вели Димовски.

В.д Директорот Митовски се дрзнал и да испраќа заканувачки пораки до работниците преку пораки на апликацијата вибер со кои им се заканува на работниците да не подлегнуваат под индоктринација од таканаречени заштитници на работнички права и дека оваа информација им ја давал со цел да не биде принуден да преземе најнепопуларна мерка донесување на нова систематизација со разционализација на работните места што значи оној што нема да му биде послушник ќе биде отпуштен.

Ваквите закани на лице кое се плаќа со јавни пари на граѓаните на град Скопје е недозволиво ниту во земји од третиот свет, а никако во европска метропола како градот Скопје.

„Нека повели, нека рационализира со неговите два шефа на кабинет. Кој има технички директор, па извршен, па ваков, таков. Што е тој? Па тој е извршен директор. Имаме измислени директорски места и се ставаат негови луѓе, истакна Претседателот на СУТКОЗ при ССМ, Дарко Димовски.

На потег е градоначалничката Арсовска која само врз основа на индиција веќе воведе пракса да менува директори и доколку не го стори и сега истото, овој пат утврдено со акти на Државни инспекциски органи тогаш работниците ќе бидат приморани да застанат и да се справат со незаконието и деспотскиот однос на овој Директор, велат од Синдикатот.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела