26 Април, 2024
0.0278

Што создаде и остави маестралниот бизнисмен Енвер Малиќи?

Објавено во: Економија 02 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Замина човекот што содаде деловна империја која имаше бизниси во трговија, телекомуникации и хотелиерство. Енвер Малиќи од успешен трговец навлезе и во другите дејности и лани неговите друштва остварија вкупни приходи кои надминаа 43 милиони евра

Бизнис заедницата и целокупната јавност се во шок и неверување по траорната вест за заминуњето на Енвер Малиќи, бизнисмен од голем формат, сопственик и основач на една од најголемите домашни трговски компании „Гемак Траде“. Малиќи во јавноста пред се беше познат како увозник на повеќе реномирани глобални брендови и особено по премиум брендовите за светски познати алкохолни пијалоци.

Малиќи почина од компликации кои настане како последица од корона вирусот.

За каков калибар на претприемач и успешен стопанственик станива збор ќе се обидеме да доловиме преку неговите старт-ап компании меѓу кои најголема и генератор на другите бизниси беше „Гемак Траде“.

„Гемак Траде“ е компанија со седиште во Скопје и регистрирана за посредување во трговија со храна, пијалоци и тутун. Во нашата широка јавност оваа фирма е препознатлива како увозник на висококвалитетни глобално популарни алкохолни пијалоци.Лани „Гемак Трејд“ бил на ниво од претходната година. Приходот на компанијата изнесува 38,9 милиони евра. Минатата година била успешна за „Гемак Трејд“. Профитот изнесува 1,12 милиони евра и е за 42 отсто поголем од претходната година. Основач и единствен сопственик на оваа фирма беше Енвер Малиќи.

Најголемата инвестиција и исчекор од трговијата на „Гемак Траде„ беше хотелиерството. Малиќи во проширување на деловните операции вложи значајни средства, околу 15 милиони евра, во изградба на хотел покрај кејот на реката Вардар во непосредна близина на Националната фудбалска арена „Тоше Проески“. Станува збор за еден од најрепрезентативните скопски хотели „Парк“, а компанијата која е во сопственост на „Гемак Траде“ и која го управува хотелот се вика „Паркленд Гроуп“. Лани хотелот остварил приход од 3,55 милиони што е за 5 отсто повеќе од претходната година. Загубата на друштвото лани изнесува 1,3 милиони евра, но е неспоредливо помала во споредба со претходната 2018 година.

„Гемак Трејд“ има и своја компанија специјализирана за телекомуникациски бизнис. Станува збор за друштвото „ГТС Гемак телекомуникациски сервиси“. Оваа компанија лани остварила приход од 1,2милиони евра што е на ниво од претходната година. Годината ја завршила со минимална загуба која изнесува 7.000 евра. Ова друштво е регистрирано за други телекомуникациски дејности.

„Гемак Траде“ се јавува како сопственик на уште едно друштво кое се занимава со сметководствени, книговодствени и ревизорски работи. Тоа е компанијата „Гемак консалтинг“.

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија