19 Мај, 2024
0.0294

Што му пиша Коце Трајановски на Петре Шилегов?

Објавено во: Економија 03 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Поранешниот градоначалник на град Скопје Коце Трајановски преку својот Фејсбук профил реагираше во своја одбрана до актуелниот „градки татко“ Петре Шилегов, откако овој упати низа критики до својот претходник за сечењето на дрва во урбаните средини.

(Во продолжение прочитајте го целиот статус) 

„Господине Шилегов, читам дека многу често ме напаѓате и барате оправдување преку мене. Денеска читам "Коце ги исече здравите дрвја а ми ги остави болните дрвја". Тоа не е вистина. Со ова сакате да ме направите дрвосечач на здрави дрва, а Вие да се претставите како човек кој мора да исече болните дрва. Изготвените решенија се доставуваа во ЈП „Паркови и зеленило" за реализација: Јас работев, и да ти објаснам стручно за дрвата. Кога ме избраа за градоначалник имаше решенија за сечење на неколку илјади дрвја за кои се чекаше по неколку години да се реализираат. За ова во првиот период имаше многу поплаки од граѓаните. ЈП „Паркови и зеленило" имаа едно возило со корпа која служеше за подигнување на работникот кој сече на 6 до 7 метри и имаа вработено тројца луѓе. Затоа набавивме уште две возила со корпи и вработивме уште 6 работници. Со ова дојдовме до ситуација откако ќе се добие решение, истото да се реализира за максимум 1 месец, а не како порано неколку години. ЈП „Паркови и зеленило" откако ќе ги добие решенијата прави план на приоритети. Како градоначалник, јас никогаш не сум им забранил да ги сечат болните и старите дрва, туку реков дека не смеат и не треба да сечат без претходно неколку дена преку медиумите да ги известат граѓаните на која локација кои дрва ќе ги сечат, како и за причината поради која ќе ги сечат. Додека бев градоначалник „зелените“ и „паркобраните“ беа многу гласни и активни, а сега како да го изгубија гласот. Јас моите обврски ги извршував професионално и одговорно, за тоа ќе ви кажат и вработените. Од тие причини, апелирам да ја вршите функцијата на која сте и престанете да барате оправдување кај други“, вели Трајановски во својот статус.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?