19 Мај, 2024
0.2477

Што може да очекувате од акцијата на ТТК Банка?

Објавено во: Економија 04 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Менаџментот планира и декларира раст на нето добивката годинава во однос на лани, а иста тенденција на раст да има и вгодина како и во 2020 година. Начелно, планот е многу охрабрувачки за имателите на акции и за нивните очекувања за дивиденда.

ТТК Банка планира во периодот од 2018 година до 2020 година да ја зголемува нето добивката за 6,7 отсто просечно годишно, објави банката во нејзиниот тригодишен план. Банката планира во 2020 година во однос на 2017 година нето добивката да ја зголеми за 20 отсто и таа да достигне 120 милиони денари односно 2 милиони евра. За годинава ТТК Банка планира добивката да достигне 107 милиони денари, а вгодина да надмине 113 милиони денари. Доколку банката успее да ги оствари овие проекции и ја задржи дивидендата политика која ја спроведе во 2016 година и во 2017 година тогаш треба да се очекува и во наредниот тригодишен период дивиденда од околу 100 денари за акција.

Од достапните податоци е забележливо дека менаџментот на банката планира умерени стапки на раст на годишно ниво на кои паралелно ќе одговараат умерени стапки на намалување на расходите. За годинава банката планира нето оперативен приход од 230 милиони денари и тоа би било најдобрата година во „трилетката“. За годинава банката планира највисоки оперативни приходи кои би достигнале околу 552 милиони денари и по намалувањето на оперативните расходи би дале нето оперативен приход од околу 230 милиони денари. Заради намалувањето на оперативниот приход во 2019 година до ниво од 508 милиони денари нето оперативниот приход би се намалил до ниво од околу 190 милиони денари, во 2020 година би изнесувал 197 милиони денари.

Во делот на кредитирањето банката од годинава до 2020 година планира раст на бруто кредитите за износ од 1 милијарда денари до ниво од 5,83 милијарди денари. За оваа година е планирано ниво на бруто кредитирање од 4,81 милијарди денари што е за 350 милиони денари повеќе од лани. Идната година нивото треба да дојде до 5,269 милијарди денари, а во 2020 година да достигне ниво од 5,83 милијарди денари. Во планот на банката се гледа дека фокусот ќе го стават на кредитирањето на домаќинствата. Планот е до крај на 2020 година тие да достигнат 3,52 милијарди денари. За годинава е планирано да дојдат до 2,59 милијарди денари што е за 329 милиони денари повеќе од лани. Планиран е и раст на вредноста на резервациите низ трите години со тоа што е проектирано во 2020 година да дистигне ниво од 227 милиони денари. Тоа е за 107 милиони денари повеќе од резервациите остварени лани.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?