22 Мај, 2024
0.0282

Што може да направи Huawei во Македонија по средбата со Заев?

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Huawei како бренд кој доживува светска експанзија е присутен и во Македонија преку директна продажба на своите производи. Инаку, Huawei го претрка и Apple на второто место по бројот на продадени мобилни телефони и ита кон врвот. Huawei во последните неколку години засилено работи на развој на напредната 5G мобилна мрежа која ќе овозможи лесно поврзување на уредите со Интернет на нештата кои целосно ќе може да се контролираат и следат преку смартфонот, како и да се пренесуваат податоци со неверојатни брзини. 

Huawei доби и поддршка од македонскиот премиер Зоран Заев кој вчера имаше средба со претставници на оваа голема кинеска компанија. 

- Ние имаме голем интерес и желба да го модернизираме нашето општество, за што постои голема мотивација во целата влада. Ова може да биде одлична прилика да го отпочнеме тој процес на едно повисоко рамниште – истакна премиерот Заев на средбата.

Претставници на кинескиот гигант го запознаа премиерот со потенцијалите на компанијата, како на глобално така и на локално ниво, и ја потенцираа подготвеноста да ги имплементираат своите планови и во насока на локалниот развој во земјава, преку инвестициските и иновативни стратегии на компанијата.

Huawei во Македонија може да им огромна улога во обезбедување на технологии за претстојната 5G мобилна мрежа за која скептиците ќе речат дека се уште е далеку, но и самите мобилни оператори се свесни дека тие промени мора да следат што побрзо за да бидеме во чекор со останатите земји.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази