19 Мај, 2024
0.0306

Што ќе направи „Тиквеш“ со 2,5 милиони евра?

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

И оваа година нема дивидена за акционерите на компанијата. Добивката која изнесува 570 денари по акција односно 2,5 милиони евра да биде реинвестирана, предлага Управниот одбор на најголемата македонска винарска визба

Винарската визба „Тиквеш“ да ја реинвестира цената нето добивка остварена во 2017 година, предлага Управниот одбор на акционерите. Ова е предлог одлука што ќе се најде на дневниот ред на акционерското собрание на најголемиот македонски извозник на вино во шишиња и предвидува 153,4 милиони денари да бидат реинвестирани односно во оваа година да се вложат во нови инвестиции во „Тиквеш“. Акционерското собрание на „Тиквеш“ ќе се одржи на 27 јули во Скопје. Со оглед на тоа дека потписник на предлогот е Свето Јаневски, претседател на Управниот одбор и воедно и ко-сопственик на најголемиот акционер –фирмата „М- 6“, не е тешко да се претпостави дека овој предлог ќе биде прифатен на претстојното собрание.

Што ќе добијат и што нема да добијат малите акционери?

Со предлог-одлуката за инвестирање на целата добивка сите акционери меѓу кои и малите акционери (повеќе од 500 кои имаат 16 отсто од управувачките права) нема да добијат дивиденда ниту годинава. Од проста причина што целата нето добивка ќе биде реинвестирана. Но, ќе добијат зголемена книговодствена вредност на акцијата што ја поседуваат. По усвојувањето на одлуката за реинвестирање, книговодствената вредност на акцијата ќе порасне за 528 денари колку е добивката по акција за 2017 година, до износ од 6.172 денари за акција. Со оглед на тоа дека последната пазарна цена на акцијата е околу 4.500 денари уште има простор за раст до книговодствената вредност ако за тоа има расположени инвеститори кои во иднина би очекувале пристојни дивидендни приноси. На пример, ако акционерите одлучеа годинава цената добивка да ја распределат како дивиденда тоа би бил износ од 500 денари бруто дивиденда по акција што на оваа пазарна цена е принос повисок од 10 отсто.

Од друга страна реинвестирањето на добивката треба да значи зголемување на конкурентноста на „Тиквеш“ на домашниот и на странските пазари. Тоа индиректно треба да значи и самоодржливост на компанијата на среден рок или во оптимистичко сценарио и ширење на нејзината пазарна позиција. Тоа во иднина дава шанси и за поголеми очекувања на инвеститорите кои се спремни да вложат во таа акција.

Како работел „Тиквеш“ лани?

Минатата година приходите од продажба на „Тиквеш“ достигнале 1,49 милијарди денари, а вкупниот приход од редовни активности изнесувал 1,57 милијарди денари. Оперативната добивка на компанијата лани била 210,4 милиони денари и во споредба со 2016 година пораснала за 65 милиони денари. Компанијата до сега (во последните четири години) не исплаќа дивиденда. Книговодствената вредност на нејзината акција од 2015 година до 2017 година е зголемена од 5.390 денари до 6.172 денари.

Во првиот квартал оваа година „Тиквеш“ продал производи во вкупна вредност од 5 милиони евра и тоа е раст од 17 отсто во споредба со истиот период лани. На домашниот пазар продажбата изнесува 3 милиони евра, а на странските пазари е 2 милиони евра.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?