19 Мај, 2024
0.0298

ШТО ЌЕ ИЗМИСЛИ ЕУ: Европа го стигна лимитот за прием на бегалци

Објавено во: Балкан 04 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Европа е на границата на своите можности да прифаќа бегалци. Ова го изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, повикувајќи ја на помош меѓународната заедница.

Практичната можност на Европа да прифаќа нови бегалци, да не зборуваме за илегалните економски мигранти, е блиску до исцрпување“, изјави тој на прес-конференција во рамките на самитот на Г-20 во кинескиот град Ханчжоу.

Двајцата со претседателот на ЕУ, Жан-Клод Јункер се обратиле пред лидерите на најразвиените земји.

Европските лидери ги повикаа Кина и другите земји од Г-20 да учествуваат поактивно во обидите да се совлада глобалната бегалска криза.

„Миграционата и бегалската криза се глобален предизвик, кој бара глобално решение“, рече Туск. Кина би можела да даде придонес, доделувајќи помош за развој, додаде тој.

Туск изјави дека нема да се водат преговори со Британија за условите за нејзиното излегување од Европската унија, пред Лондон официјално да го активира член 50 од Лисабонскиот договор и да започне со процесот на напуштање, пренесоа американските медиуми. Прелиминарните преговори не се во интерес на преостанатите 27 земји во ЕУ, продолжи Туск.

Јункер рече дека Брисел ќе продолжи да преговара со САД за договорот за трансатлантското трговско и инвестициско партнерство (ТТИП), бидејќи мандатот на Европската комисија да ги води овие преговори останува во сила, пренесе Франс прес.

„Имајќи го предвид мандатот даден од земјите во ЕУ на Комисијата, ние ќе продолжиме со преговорите со САД за договорот што ќе има позитивни ефекти за економијата и вработувањето“, истакна Јункер. Француската и германската влада изразија противење на договорот, потсетува АФП.

Одлуката на Брисел да ја задолжи компанијата Епл (Apple) да и исплати на Ирска над 13 милијарди долари  заостанат долг е базирано на факти и не е насочено против САД, рече Јункер.

„Оваа одлука е јасно заснована на факти. Ние ги применуваме правилата, како што бараат фактите и законите“, истакна тој и потсети дека Епл има корист од незаконски даночни предности обезбедени од Даблин. Би било апсурдно да се избере фискалниот терен за напад против САД, додаде Јункер.

„Треба да ги заштитиме интересите на членовите на ЕУ, кои сакаат да останат заедно, а не на оние кои сакаат да ја напуштат Унијата“, рече тој.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс