21 Мај, 2024
0.0296

Што изјави напаѓачот на Шеќеринска во судница?

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

За виновен се изјасни обвинетиот Панче Ангелов(65) за напад на тогашната пратеничка Радмила Шеќеринска, а сегашна министерка за одбрана, при упадот  во Собранието на 27 април. Во Основниот суд Скопје денеска обвинетиот Ангелов изјави дека се чувствува виновен за кривичното дело кое е наведено во обвинителниот акт.

Тој е еден од напаѓачите кои влегоа во Собранието. Ангелов ја повлече за коса Шеќеринска, откако беше удрена со метален статив по глава.

Во обвинението се истакнува дека Ангелов бил во првата група која влегла во Собранието и заедно со најсилните и најнасилните луѓе се упатил директно во прес-салата. Најпрво му упатил закани на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потоа ја нападнал Шеќеринска, а фрлил и шише кон други пратеници. И двајцата се здобиле со тешки телесни повреди.

Претходното рочиште, на 19 септември, беше одложено на барање на адвокатот на Ангелов доделен по службена должност, кој побара време за да се подготви за судската постапка.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази