Шилегов на работа со електричен автомобил
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2019
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ги испочитувал мерките кои ги предложи градот во услови на енормно загадување на воздухот, па на работа доаѓа со електричен автомобил, потврди денеска самиот.
Веќе втор ден поради загадувањето, бесплатен е јавниот превоз во главниот град а паркингот е поскап двојно. Некои од скопските градоначалници вчера дојдоа на работа со автобус или пешки.