20 Мај, 2024
0.0256

„Селфи“ – Последниот чекор на патот до Здрави Заби

Објавено во: Мои пари 03 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Утре, сабота (04.07) со почеток во 19часот во Градскиот парк во Скопје, ќе се одржи последната активност од кампањата „Патот до здрави заби“каде дечињата, за кого беше наменета оваа кампања, ќе ги покажат резултатите од редовната нега на запчињата и ќе го одбележат крајот на кампањата.

На специјално дизајнирана картолина, дечињата ќе имаат можност да се фотографираат,  да ги покажат своите блескаво бели и здрави насмевки заедно со Четко, главниот јунак на кампањата и да направат селфи.

Во времетраење од три месеци, преку пет едукативно-забавни игри, на повеќе различни локации во Скопје се одвиваше кампањата „Патот до здрави заби“под слоганот „Секој ден четкај и со здрави заби светкај“. За да го поминат патот до здравите заби, заедно со Четко,дечињата играа игри кои им помогнаа да научат зошто е важно да ги мијат запчињата редовно и правилно.

Кампањата имаше цел да ги научи децата на една исклучително здрава навика, значајна за целокупното здравје на организмот, почнувајќи од здрава исхрана, преку начинот на одржување на хигиената на запчињата сѐ до тоа како да се зачуваат запчињата здрави, бели и цели!

Во кампањата учествуваа околу 600 дечиња,кои се натпреваруваа и беа дел од сите 5 игри и на некој начин ја поминаа едукацијата од 5 чекори за тоа како редовно и правилно да се води грижа за здравјето на забите и устата. Уште 200 дечиња беа присутни на настаните и се дружеа со главниот лик – маскотата Четко, а околу 440 родители ги прифатијае едукативните содржини и информации во врска со градењето здрави навики кај нивните деца.

Кампањата се одвиваше на неколку различни локации во Скопје: Аеродром, Автокоманда, Центар, Матка.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО