26 Април, 2024
0.0280

Седница на отворено: Град Скопје ќе се откаже од дел од најголемите приходи

Објавено во: Економија 03 Април, 2020

Добивај вести на Viber

На денешната седница на отворено пред Советот на Град Скопје, градоначалникот Петре Шилегов пред советниците рече дека управата за време на вонредна состојба во државава поради пандемијата со  коронавирусот ќе мора да се помири дека ќе се намали голем дел од финансирањето, преку најважните приходи.

Шилегов рече дека Град Скопје со своето домаќинско работење има буџетот на стабилни нозе и може да ги исполни своите цели, па така во интерес на полесно надминување на економските последици од пандемијата со коронавирусот ќе се откаже од дел од средствата од најголемите приходни ставки како: комуналиите, коминалните такси, закупот на јавен простор и други давачки.

На вонредната седница се расправаше за економските мерки што ги презема Градот, кој е најголема движечка сила во македонската економија, за ублажување на економските последици од настанатава состојба.

Според усвоениот Извештајот за извршување на Буџетот за 2019 година,  минатата година остварени се вкупни приходи и други приливи во износ од 5,7 милијарди денари, што претставува остварување од  87,2 отсто во однос на планот.

- Со предложување на овие два документи на Вас како советници, што всушност е наша законска обврска, ја затвораме 2019 година и сега како никогаш порано е потребно сите ние да ги вложиме нашите напори и ресурси и максимално да се насочиме кон 2020 година, за која сме свесни дека ќе биде тешка и неизвесна за сите нас. Ни претстои борба како на општествен така и на економски план, но мислам дека со заеднички сили ќе го надминеме и овој сериозен предизвик- нагласи Шилегов во своето обраќање пред советниците, рече Шилегов.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија