26 Април, 2024
0.0258

„Се за вашиот дом!“ Кои се махерите што вртат милиони евра?

Објавено во: Економија 17 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Апарати за домаќинство, разновидни алати, електроелементи и електроматеријали, санитарни елементи, најразлични типови и видови плочки, елементи за во кујна, бања, алати, реквизити и елементи за уредување и одржување дворови. Се ова да го има на само едно место. Во Македонија ретко кој може да се пофали дека може да ги понуди сите овие предмети, средства, материјали, уреди, алати и машини на едно место.

Оваа дејност бара голем продажен простор, логистика, знаење, умешност и однос со клиентите. Во земјава, од кој аспект да се гледа, овие услови ги исполнуваат пред се три најголеми и најпознати компании кои се занимаваат со малопродажба, а вртат приходи изразени во милиони евра. Една од нив е уникатна и македонска, а другите две се успешни странски искуства.

„Електроелемент“ е најголемата македонска компанија во која буквално може да најдете „Се за вашиот дом“. Во нивните продавници има артикли за домаќини и домаќинки, но и за пробирливи мајстори. Оваа компанија започнала како семејна фирма во 1991 година основана од Стојмир Јошевски и во тоа време се занимавала со електро опрема. Низ годините ја прошрува палетата на дејности и асортиманот на стоки и услуги на понуда, а освен електроелементите и материја почнува да нуди и производи од црна и обоена металургија, хемиски производи, водовод и греење, санитарија, керамика, бела техника. Сега „Електроелемент“ нуди производи на повеќе од 100 домашни и странски производители од горенаведените индустриски гранки кои се однесуваат на домот. Оваа компанија во 2018 година остварила приход од 21,3 милиони евра и добивка од 123.000 евра. Сопственички на компанијата се Стојна Јошевска и Лидија Јошевска Петровиќ.

Втор по големина според остварениот приход е македонската фирма која работи под словенечкиот бренд и се вика „Меркур Македонија“. Оваа компанија е регистрирана за трговија на големо со метални стоки, цевки, уреди и опрема за водовод и централно греење, а во Скопје има голем продажен простор за алати, уреди, материјали за домот и уредување на дворови. „Меркур Македонија“ во 2018 година остварил приход од 6,6 милиони евра, а добивката изнесува 49.200 евра. Оваа компанија е сопственост скопските компании „РЖ Техничка контрола“ и „РЖ Услуги“ како и на физичките лица: Весна Битракова, Никола Сотироски и Наташа Тасеска.

Во групата на најпознати и најголеми брендови кои имаат „Се за вашиот дом“ е уште и скопската компанија Реплек Маркет. Ова друштво кое е дел од групацијата на македонскиот фармацевтски гигант „Реплек“ и е специјализирана за трговија со алати, материјали и уреди за домаќинството во 2018 година остварила приход од 3 милиони евра, а добивката изнесувала 21.600 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија