Се урна воен грчки хеликоптер-тројца загинати!
Објавено во: Балкан 11 Февруари, 2016
Хеликоптер на грчката морнарица се урнал рано утрово во близина на островот Кинарос во источното Егејско море, а при падот загинале тројца членови на екипажот, изјавил претставник од грчкото Министерство за одбрана.
Хеликоптерот од типот „Агуста Бел“, учествувал во воена вежба, рекол тој.
Според неговите зборови, хеликоптерот полетал од фрегата, кој пловел во морето, а од радарот исчезнал околу еден часот и 45 минути после полноќ, пренесе грчки Катимерини.
Остатоците се пронајдени во близина на Кинарос, истакнал претставник.