Се омажи ќерката на Бранко Црвенковски
Објавено во: Македонија 14 Април, 2024
Марија, ќерката на поранешниот премиер и претседател Бранко Црвенковски, синоќа стапи во брак со својот избраник Дамјан.
Веселбата се одвивала во еден од најпознатите скопски хотели, а на свадбата, која била традиционална, со одење по невестата, присуствувале многу роднини и пријатели
Црвенковски со сопругата Јасна го имаат и синот Љупчо, кој веќе е женет, и од тој брак веќе имаат внук.