Се крои судбината на референдумот во Република Српска?
Објавено во: Балкан 01 Септември, 2016
Државниот врв во соседна Србија и лидерите од Република Српска ќе носат одлуки за рефендумот кој треба да се одржи во Република Српска.
Претседателот на Србија, Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ денеска во Белград ќе се сретнат со претставници на Република Српска, за да ја разгледаат ситуацијата откако Советот за примена на мирот во Босна и Херцеговина ги повика властите на Република Српска да се откажат од референдумот за денот на РС.
Државниот врв на Србија завчера одржа итни консултации околу ова прашање по што министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека граѓаните можат да бидат сигурни дека безбедноста нема да биде загрозена.
Денот на РС се одбележува како ден кога во пресрет на војната во 1992 година, беше формиран овој ентитет.
Дел од медиумите пишуваа дека овој референдум ќе биде тест за стабилноста на регионот.