19 Мај, 2024
0.0262

Се избираат најдобрите идеи од проектот Моја идеја! Мој Бизнис!

Објавено во: Мои пари 04 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Започна процесот на евалуација на најдобрите од 40те идеи пријавени на програмата Моја Идеја! Мој Бизнис!. Оваа програма се спроведува од CEED Македонија, а е финансирана од Филип Морис ТКП и има за цел да се стимулираат идеи за претприемништвото кај младите во Пелагонискиот регион.

мој бизнис 3

„Со процесот на евалуација треба да се одберат најдобрите пет идеи кои ќе добијат неповратен грант од 2000 американски долари. Овој проект покажа дека интерес за започнување на свој бизнис или развој на своја идеја кај младите има. Постои и желбата за едукација за тоа како да се спроведе планот од хартија во реалност. Идејата за овој проект е да се развие целосен систем за поддршка на ваков тип на проекти со реално поставување на бизнисите и нивно самоодржување во иднина. За нас, Филип Морис ТКП, од исклучителна важност е поддршка на проекти за младите“, изјави Анита Блажевска, менаџер за корпоративни работи во Филип Морис ТКП.

мој бизнис 2

Учесниците во проектот Моја Идеја! Мој Бизнис!, кои се меѓу избраните 40 идеи од над 70 пријавени, учествуваат во практични обуки што вклучуваат техники за поттикнување на претприемачките вештини и знаења, развивање и изготвување на бизнис план, нудат можност за аплицирање за еднократен мал грант за започнување или доразвивање на сопствен бизнис. „Низ програмата составена од пет модули, повеќе од 40 учесници имаа можност да добијат бизнис советувања и менторски сесии, и истовремено имаа можност да научат повеќе за специфичните работни функции и позиции. Покрај започнатиот процес на евалуација во моментов се одвива и пријавувањето на студенти за најдобра бизнис студија. И овде петте најдобри проекти ќе бидат наградени со по 500 американски долари, кои ќе треба да ги искористат за започнување на бизнис или за трошоци за едукација”, изјави Јован Маџовски, Главен извршен менаџер на CEED.

мој бизнис 1

Целиот процес на евалуација завршува во февруари 2016 година. Програмата е наменета пред се за младите лица од 18 до 30 години кои се во фаза на студирање, за невработени, за млади кои што имаат бизнис идеја која допрва треба да се развие и да се преточи во оперативен бизнис како и за млади претприемачи чиј бизнис е во почетна фаза на развој.

Izbiranje na najdobrite idei od proektot Moja Ideja! Moj Biznis_2

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО