19 Мај, 2024
0.0768

Се бара притвор за Јакимовски: Обвинителство соопшти детали

Објавено во: Македонија 19 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Притвор за Стевчо Јакимовски и за уште две лица бара надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје. Лицата се осомничени дека сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, додека едно од лицата, се сомничи и за кривично дело Бесправно градење.

Според ОЈО во изминатиот период обвинителството донело четири Наредби за спроведување на истражна постапка во кои се опфатени повеќе лица, меѓу кои и поранешниот градоначалник на една скопска општина.

„Во август 2018 година, обвинителството донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица заради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, во три постапки за јавни набавки. На почетокот од овој месец истрагата е проширена поради постоење на основано сомневање дека поранешниот градоначалник и уште две лица сториле по едно кривично дело Бесправно градење. За истото кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување е донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои во 2015 година, пречекорувајќи ги своите службени овластувања во име и за сметка на општината спровеле јавна набавка за „Обнова на цветен расад на жардињери“ (пролетно и есенско садење – 2015), што било во надлежност на Град Скопје, притоа постапувајќи спротивно на член 48 од Законот за јавни набавки. Во овој случај му овозможиле на правното лице имотна корист на име на јавна набавка во износ од 7.209.600 денари без ДДВ на штета на Буџетот на општината, соопштуваат од ОЈО.

Оттаму додаваат дека во текот на 2016 година искористувајќи ги своите службени овластувања, осомничениот донел Одлука за јавна набавка за изградба на Плоштад Пецо Божиновски Кочо на локација каде според ГУП на Град Скопје 2012-2020 е предвидена примарна сообраќајница. Притоа постапувајќи спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки и условите од Тендерската документација, му овозможиле на избраното правно лице- изведувач да се стекне со имотна корист од 20.970.000 денари без пресметан ДДВ на штета на Буџетот на општината.

ОЈО вели дека била донесена Наредба за за спроведување на истражна постапка против девет лица кои периодот од 2011-2017 година ја злоупотребиле својата службана положба и овластување со преземање на дејствија што не смееле да ги преземат и со пречекорување на границите на своите службени овластувања постапиле спротивно на „Законот за постапување со бесправно изградени објекти“, при што на времени објекти им дозволиле вклопување во урбанистичко планската документација и нивно впишување во јавните книги за недвижности како легални објекти. Воедно овозможиле на правни и физички лица со „Постапка за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ со непосредна спогодба на сопственици на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение за утврдување на правен статус на бесправен објект врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижности“, незаконски да се стекнат со право на сопственост на објекти и ексклузивно право на откуп на земјиштето под објектот. На тој начин, било отуѓено градежно земјиште под објект во сопственост на РМ со површина од 1533 м2, како и градежно земјиште под и околу објект со површина од 722 м2. Во 2016 година овие земјишта како градежно неизградено земјиште имале вредност од најмалку 27.594.000 денари, односно 12.996.000 денари.

Со оглед на тоа дека се работи за исти кривични дела и период кога биле сторени, а заради спроведување на единствена постапка, предметите се споени во еден предмет.

Воедно, заради непречено водење на постапката, против шест лица за кои постои основано сомневање дека ја злоупотребиле својата службена положба и овластување, надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка достави и предлог за определување на мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, обврска повремено да се јавуваат на определено службено лице или државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање.


Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела