19 Мај, 2024
0.0284

Само во една скопска општина нема да има поевтинување на цената на становите

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија Андреа Серафимовски, денес потврди дека цената на становите во општина Центар нема да ја намалат цената, но затоа поевтинување се очекува во останатите скопски општини.  

„Апелираме до сите потенцијални купувачи да обрнат посебно внимание при купување стан во наредниот период. Досега побарувачката беше многу голема и се продаваа становите врз база на локацијата“, изјави Серафимовски, дополнувајќи дека во иднина купувачите ќе ја диктираат цената во однос на квалитетот на градбата.

Здружението ќе држи обуки со цел граѓаните да го проценат квалитетот на материјалот, поседување сертификат, зелена површина, паркинг места , како и фактот дека скапиот стан не треба да се определува според локацијата, туку според материјалите кои придонесуваат во подобрување на условите за живот.

Според одобренијата за градење, во првите четири месеци од годинава е предвидена изградба на 2.150 станови, што е намалување од 29,64 проценти во однос на истиот период лани, кога биле предвидени 3.056, а се очекува и да нема дополнително поскапување како во 2008 година , кога државата очекуваше прием во НАТО и цената беше зголемена за 25 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најмногу станови се градат во Центар, Аеродром, Карпош и Кисела Вода. Во општина Центар, цената за метар квадратен е 1. 300 евра, додека пак во Аеродром, Карпош и Кисела Вода се движи од 950 до 1050 евра.

Поради запирањето или забавувањето на крупните инфраструктурни проекти финансирани од државата за разлика од претходните години, лани градежништвото забележа пад во БДП од 13,7 отсто.

Серафимовски исто така смета дека новите инфрастуктурни проекти и реализација на најавените, ќе влијае во растот на градежништвото за разлика од периодот на проектот Скопје 2014.

Здружението исто така апелира да се надминат причините за  застојот на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, експресниот пат Градско-Прилеп и гасоводната мрежа кај Неготино, бидејќи тие придонесуваат во зголемување на загубите во градежниот сектор. Меѓу другото, вредноста на извршени градежни работи во странство лани во однос на 2016 година бележи пад од 37.2 отсто, а во периодот јануари-март годинава вредноста на договорените градежни работи во споредба со истиот период од минатата година бележи пад од 61.1 отсто, додека вкупната вредност на извршените градежни работи има пад од 12.6 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?