Салата „Јордан Мијалков“ одбрана за масовна имунизација
Објавено во: Македонија 18 Април, 2021
Штипската спортска сала „Јордан Мијалков“ е одбрана за масовна имунизација на жителите на источниот регион. Објектот е на Универзитетот „Гоце Делчев“, а се наоѓа во штипската населба Сењак. Ова го потврди директорката на Здравствениот дом „Панче Караѓозов“-Штип, Снежана Трајковска, која вели дека таа е најголема во градот.
- Во текот на наредната недела треба да утврдиме колку пунктови за вакцинирање ќе имаме точно, првично се над 20, а според првичните проекции дневно ќе може да се имунизираат од 1.000 до над 2.000 жители од регионот. Уредувањето на салата и прецизирањето на сите детали ќе биде во текот на наредната недела, вели Трајковска.
Спортската сала „Јордан Мијалков“ се наоѓа во новиот и урбанистичски среден дел на градот Штип, граѓаните од општините од Брегалничкиот регион нема да влегуваат во централното градско подрачје, туку ќе имаат брз влез и излез преку мини обиколницата и новиот мост на реката Брегалница, со што ќе се избегнат сообраќајните гужви низ градот.