САД ниту потврдуваат ниту негираат за нуклеарното оружје во Романија
Објавено во: Свет 18 Август, 2016
САД немаат намера да ги потврдуваат или да ги негираат информациите за транспорт на нуклеарното оружје од Турција во Романија. Ова го изјавил за ТАСС претставникот на Пентагон Патрик Еванс.
Претходно денеска европското интернет издание EurActiv соопшти дека САД почнале да го дислоцират нуклеарното оружје поради влошените односи меѓу Анкара и Вашингтон.
За возврат Букурешт категорично демантираше дека САД го префрлаат нуклеарно оружје од Турција во романската воена база во Девеселу.