ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“
Објавено во: Свет 03 Мај, 2024
Во март светот го потресе веста дека принцезата од Велс, Кејт Мидлтон (42) се соочува со рак. Ова изненадувачко откритие доведе до шпекулации и загриженост кај јавноста, бидејќи многумина се обидоа да го разберат нејзиното останување подалеку од очите на јавноста во претходните месеци.
Во видеото кое беше објавено, принцезата храбро откри дека е на превентивна хемотерапија, што предизвика излив на поддршка и желби за нејзино брзо закрепнување.
Додека Кејт се бори со овој предизвик, нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, стои покрај неа како камен-темелник на поддршката.
Вилијам, кој исто така се соочува со тешка ситуација бидејќи се грижи за кралските должности додека неговиот татко, кралот Чарлс се бори со истата дијагноза, се истакнува како столб на силата за неговото семејство.
Иако некои на социјалните мрежи изразија сомнеж за опстанокот на нивниот брак, астролозите истакнуваат дека нивната компатибилност е непобитна, што нуди надеж за светла иднина на овој кралски пар.
„И Чарлс се лекува, па го гледаме“, „Очигледно е, ужасно ја толерира хемотерапијата“, „Вилијам нема да може уште многу да издржи“, „Принцот мораше се да преземе на себе“, се дел од коментирите по социјалните мрежи.
Фото: Принтскрин/Твитер