05 Мај, 2024
0.0240

САД и Куба ќе ги обноват дипломатските односи

Објавено во: Свет 01 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Претседателот на САД Барак Обама објави дека САД и Куба ќе ги обноват дипломатските односи и го нарече тоа историски чекор, пренесоа светските агенции.

Обама изјавил дека двете земји ќе отворат амбасади во главните градови и дека американскиот државен секретар Џон Кери ќе оди ова лето во Хавана за церемонијата на укинувањето на знамето пред зградата на американската амбасада таму.

Историска средба: Обама и Раул Кастро се ракуваа во Панама

„САД официјално прифатија да ги продолжат дипломатските односи со Куба и да ги отворат повторно амбасадите во двете престолнини“, изјавил Обама во Роуз градината на Белата куќа. Пред една година изгледаше невозможно, дека САД повторно ќе го подигне своето знаме во американската амбасада во Хавана“, додал тој.

obama kuba 1Барак Обама го повика американскиот Конгрес да го укине економското ембарго наметнато половина век над Куба. Обама признал дека меѓу Куба и САД ќе продолжат да постојат сериозни разлики, од кои некои се однесуваат на слободата на говорот. Тој уверил дека САД и во иднина ќе велат кога не се согласуваат со Куба во врска со вредностите.

Директната телефонска врска меѓу САД и Куба беше вратена

Претходно во текот на денот беше објавено дека Обама и Кастро си се размениле писма во кои потврдуваат согласност за продолжување на дипломатските односи во кои се наведува дека односот на амбасадите ќе бидат откриени од 20 јули, потсетуваат агенциите.

obama kuba 2

Куба и САД ги прекинаа односите во 1961 година со одлука на тогашниот претседател Џон Кенеди, мотивирано од приближувањето на кубанските револуционери со СССР и конфискувањето на американскиот имот, потсетува „Франс прес“. Од 1977 година двете земји имаат однос секции за интереси во Вашингтон и Хавана, кои извршуваа главно конзуларни задачи.

На крајот на мај Вашингтон ја поништи главната пречка пред продолжувањето на односите, со што ја извади Куба од листата на земји кои го поддржуваат тероризмот.

Истовремено кубанската амбасада објави соопштение во кое повторно вели дека САД треба да го прекинат своето економско ембарго спрема Куба и да ја вратат воената база во Гвантанамо под кубански суверенитет, пренесоа агенциите.

Можеби ќе ве интересира

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати