Русите извршија напади во уште два украински града
Објавено во: Свет 02 Април, 2022
Русите извршија напади во уште два украински града. Украинските власти информираа за нападите.
Руски ракети рано утрото погодија два града во централна Украина, оштетувајќи ја инфраструктурата и станбените згради, изјави лидерот на регионот Полтава, пренесува Ројтерс.
„Проектилот погоди еден од инфраструктурните објекти во текот на ноќта. Кременчук. Многу напади на градот наутро“, напиша Дмитриј Лунин во објавата на социјалните мрежи.
Лоциран источно од Киев, градот Полтава е главен град на регионот Полтава, а Кременчук е еден од најголемите градови во регионот.
Русите вчера извршија напади и во градот Одеса. Пред 38 дена Русија ја нападна Украина.