26 Мај, 2024
0.0340

Русија се закани дека ќе го блокира трибуналот на ОН за соборениот „MH17“

Објавено во: Свет 29 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Советот за безбедност на ОН ќе гласа денеска за резолуцијата поднесена од Малезија, Холандија, Украина и Австралија, чија цел е да се побара одговорност за наводното уништување со ракета на малезискиот патнички авион над Украина во 2014 година, пренесоа агенциите.

Според некои информации од вчера австралискиот министер за надворешни работи Џули Бишоп инсистира за едногласност во поддршката на независен трибунал за соборувањето на малезискиот патнички авион на 17 јули 2014 година.

Русија, која е член на советот и има право на вето, изјави дека ќе ја блокира резолуцијата за формирање на ваков суд.

Според зборовите на Бишоп евентуалното вето на Москва би било откажување од правдата за 298-те лица кои загинаа во несреќата.

„Не можеме да дозволиме вето во Советот за безбедност на ОН да спречи правда“, изјавил за весникот „Сиднеј хералд“ Бишоп кој веќе е во Њујорк, за да лобира во Русија и нејзините сојузници на затворените седници пред гласањето во Советот.

Бишоп исто така ги отфрли коментарите на рускиот претседател Владимир Путин дека е „прерано“ и „контрапродуктивно“ ОН да гласа за независен трибунал. Австралиската министерка е за усвоена едногласна резолуција со која ќе се бара поддршка од сите 15 членки на советот за време на гласањето.

Минатата недела Русија го претстави во советот својот предлог во кој немаше повик да се создаде трибунал. Прикажаните документи за денешното гласање содржат елементи од рускиот, но во него се задржува барањето за Трибуналот, што е главната пречка за Русија.

„Ќе гласаме против. Немам никакво сомнение во тоа“, изјавил за „ТАСС“ во понеделникот рускиот постојан претставник во ОН Виталиј Чуркин, забележуваат агенциите.

Барањето за трибуналот е продолжување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која беше усвоена на 21 јули 2014 година и во која се повикуваше на „целосна и независна меѓународна истрага“ на соборувањето на авионот.

Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

„КАРМАТА ЌЕ ЈА СТИГНЕ КАМИЛА“: Еве што пишуваат британските медиуми за кралицата

„КАРМАТА ЌЕ ЈА СТИГНЕ КАМИЛА“: Еве што пишуваат британските медиуми за кралицата

„ЗОШТО ВООПШТО ЖИВЕЕМЕ?“ Маск предизвика земјотрес: Иднината... ќе биде поинаква

„ЗОШТО ВООПШТО ЖИВЕЕМЕ?“ Маск предизвика земјотрес: Иднината... ќе биде поинаква

НЕ Е ГЕРМАНИЈА СРЕДЕНА БИДЕЈЌИ ЛУЃЕТО СЕ ФИНИ, ТУКУ ЗАТОА ШТО УДИРА ПО ЏЕБ: Србин купил куќа и веднаш добил огромна казна, го пријавиле соседите

НЕ Е ГЕРМАНИЈА СРЕДЕНА БИДЕЈЌИ ЛУЃЕТО СЕ ФИНИ, ТУКУ ЗАТОА ШТО УДИРА ПО ЏЕБ: Србин купил куќа и веднаш добил огромна казна, го пријавиле соседите

Путин: Нема преговори со Зеленски, му истече мандатот

Путин: Нема преговори со Зеленски, му истече мандатот

Фицо уште е во болница по минатонеделниот атентат

Фицо уште е во болница по минатонеделниот атентат

Две авио-рути над Европа се меѓу најтурбулентните во светот

Две авио-рути над Европа се меѓу најтурбулентните во светот

Иран: Хеликоптерот на Раиси се запалил по удар во планина

Иран: Хеликоптерот на Раиси се запалил по удар во планина

„ШАРЛИ ЕБДО“ СЕ ШЕГУВА СО СМРТТА НА РАИСИ: Господ постои, нè ослободи од мулата

„ШАРЛИ ЕБДО“ СЕ ШЕГУВА СО СМРТТА НА РАИСИ: Господ постои, нè ослободи од мулата