Добивај вести на Viber
Руската амбасада во Скопје денеска реагираше на твитот на министерот за надворешни работи Бујар Оомани, кој активностите на Русија на руско-украинската граница ги оцени како „заканувачки и дестабилизирачки“.
„И забележуваме на солидарноста на Македонија заснована врз неосновани обвинувања за активностите на Русија. Верувајте дека приоритетите треба да ја рефлектираат потребата да одговорат на вообичаените закани и предизвици. Ваквите изјави тешко придонесуваат за јавно декларираната намера на Македонија за зајакнување на заемно корисните врски со Русија“, реагира американската амбасада.
Османи пред два дена твитна дека „Северна Македонија целосно поддржува и се солидаризира со преземањето мерки на САД, одговарајќи на дестабилизирачките активности на Русија против САД и нашите сојузници и дека подобрувањето на нашата колективна безбедност е наш приоритет“.