19 Мај, 2024
0.0265

РИПНА ДДВ-то РИПНАА И ЦЕНИТЕ: Колку чини гиро, кафе и одмор во Грција во септември

Објавено во: Балкан 15 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Вообичаено е цените во пост сезона во туристичките места да паднат.

Ако допрва одите на одмор во Грција не очекувајте големи промени во цените во однос на летниот шпиц .


Како во кафулињата така и во супермаркетите со растот на ДДВ-то кое и се случи на Грција поради кризата и реформите кои нашиот јужен сосед ги воведува се забележани цени кои не биле карактеристика за овој период од годината.


Доколку решите денот да го поминете на локална плажа во Калитеа ќе треба да се напиете кафе и да платите 5 евра за истото доколку сакате да се сончате на лежалка под чадор. Но, гратис добивате шише од 0,5 л вода. Исто толку ќе ве чини и со од портокал или џус од ананас, а за коктел ќе треба да издвоите 8 евра.


Ако пак одлучите да посетите некоја подалечна, меѓутоа попозната плажа таму ќе треба да платите и за лежалките и за кафето посебно.

На познатиот сани ресорт ако сакате да користите лежалка и чадор ќе мора да си платите, но без консумација на кафе или друг пијалок.


Таму ќе ви побараат пет евра од човек за лежалка а исто толку чини и кафето . Сепак кога веќе сте решиле да уживате во песочните плажи на овој ресорт каде летува и светски познатата елита нема да ви претставува проблем да ги издвоите тие пари и да уживате во местото каде и се наоѓа најчистата и најтопла вода во Грција.


Скок на цената бележи и гирото кое за многумина туристи важи за традиционално грчко јадење без кое не можат да го замислат одморот.

Годинава во кралицата на Кожата како што ја нарекуваат Калитеа гирото чини 2,90 евра, но кога ќе му се додаде ДДВ цената скокнува па така ќе треба да платите 3,10 евра.

Цена на намирници од маркет (во ЛИДЛ и помали маркети)

Леб -  0.7 до 1,99 

Јајца - 1,95 до 2,19 евра

Масло  - (1 литар) – 1,70-2,0 евра

Фета сирење-3,20 до 5 евра (зависно од грамажа)

Јаболки - 0,59-1 евро за кг

Краставици килограм - 1,49 за кг

Пакет газиран сок од 3,19 до 7,99 евра 

Виришли и салама - 1,39-1,49

Цени во ресторани и кафулиња (во евра)

Гиро сендвич – 2,50 до 3,10

Гиро порција – 5 до 7

Суфлаки сендвич – 2,90

Тост - 1,50

Хот дог - 1,50 


Пица – 7 до 14

Скара – 7 до 14

Риба – 6 до 60

Салати – 5 до 10

Пиво – 3 до 6,50

Сокови –5

Вино – 25  до 300,300 евра 

Кафе – 1,20 до 5

Коктели – 8 до 10

Цени за изнајмување на возила (во евра)

  • Велосипед - 6
  • Скутер - 20 до 40
  • Баги - 60
  • Автомобил - 30 до 50


Во однос на сместувањата доколку одлучите да престојувате во хотел во септември ако одите со сопствен превоз и на сопствена режија тогаш ќе треба да издвоите 45-55 евра со појадок во Маја Беј во Калитеа. Преку агенција пак ќе ве чини поевтино ао резервирате одреден период порано.

Цените во вила се движат во зависност од тоа колкав апартман или студио ви е потребно. Може да најдете од 25 евра па нагоре сместување од ноќ.


Важно е да напоменеме дека цените варираат во зависност од тоа на кое туристичко место сте се упатиле, овој водич ќе ви создаде добра финансиска слика што може да очекувате ако летувате во Грција во септември каде цените се за нијанса помали од шпицот на летото.


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс