19 Мај, 2024
0.0279

РЕВИЗИЈА, Здрaвствен дом - Охрид: Како се купувале накит, часовници, ајфони?

Објавено во: Економија 03 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Работата на Здравствениот дом – Охрид, под лупа на ревизорите. По направената анализа и увид, државната ревизија за 2016 година изразува неповолно мислење во однос на вистинитото и објективно прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските извештаи. Државната ревизија ги анализира Сметката на сопствените приходи и Сметката на средствата од Фондот за здравствено осигурување.

Една од зебелешките се однесува на наплата на услугите на Здравствениот дом, па така во извештајот се наведува:

“Утврдената состојба предизвикува Здравствен дом-Охрид да наплатува услуги за кои надлежниот министер нема донесено акт за потврдување, односно согласност на висината на цените“.

Ревизорот препорачува здравствената установа да достави барање до ресорното министерство за добивање на согласност за ценовниците за извршените здравствени услуги за пациентите, кои според ревизорот, услугите ги плаќаат со лични средства, и по добивање на согласноста да се пристапи кон примена.

Здравствениот дом од Охрид не бил регистриран како ДДВ обврзник, и покрај тоа што вкупниот промет во анализираната календарска година го надминува износот од 1 000 000 денари, со што е обврзан за регистрација на ДДВ.

“Непочитувањето на законските одредби и непреземање мерки и активности за плаќање на наведените даноци предизвикува намалување на приходите на Буџетот“ – се наведува во ревизорскиот извештај во кој се информира дека во текот на вршењето на ревизијата извршено е плаќање на ДДВ за 2014,2015, 2016 година, заклучно со септември, 2017 година.

Забелешки се упатуваат и на пописот што законски мора да се спроведе во рамките на институцијата. Така, меѓудругото, се наведува:

“Здравствениот дом не врши попис на земјиштето и на градежните објекти. Пописните листи содржат само назив на средства и количина без податоци за нивната исправка и сегашна вредност како основа за усогласување со сметководствената евиденција ...Пописната комисија не ги презела потребните активности за потврдување на состојбата со побарувањата и обврските ....“

Но, проблем има и со набавка на мобилни телефони и компјутери, но и набавка на прехранбени производи и пијалаци, кои не биле платени за што добавувачот тужел.

“Евидентираната опрама во износ од 209 000 денари за која со описот од 2016 година не е констатиран кусок, и покрај тоа што има пописна листа за набавка на мобилни телефони, компјутери и 4 ајфони, кои потекнуваат од 2014 година, за кои нема документ дека се примени во Здравствен дом-Охрид“ – се вели во извештајот и се посочува дека е спорна и набавка на стоки во износ од 940 000 денари, кои не се примени во магацинот, а дел се платени во 2014 и 2015 година, за што подоцна добавувачите тужеле за да си ги наплатат останатите побарувања.

Но, се нарачувале и накит и часовници.

“Набавката на часовници и накит во 2013 и 2014 година во износ од 166 000 денари по фактури за кои нема доказ дека се примени во Здравствен дом-Охрид, но од страна на претходниот директор се платени во 2014 година а поради грешка при пренос на обврска во износ од 14 000 денари во 2016 година се појавува претплата“ – пишува ревизорот.

Во досегашниот период, според ревизијата, не биле преземени активности за утврдување на одговорноста и финансиското задолжување на инволвираните лица како и покренување на соодветна судска постапка за износот на спорните обврски со што предизвикале штета на Здравствениот дом.

Здравствениот дом –Охрид, според податоците од ревизорскиот извештај има ненаплатени побарувања по основ на извршени здравствени услуги во износ од 73 000 евра, и тоа од Општата болница – Охрид, други здравствени установи, правни и физички лица, пришто не биле преземени мерки за наплата, освен од приватни  лица кои биле тужени.

Ревизијата открива и други побарувања по основ на закупнина, па некои концесионери со години не плаќале ниту закупнина ниту трошоци за струја.

“Со увид во склучените договори ревизијата констатира дека и покрај тоа што во договорите е прецизиран рокот за подмирување на обврските, за одредени концесионери воспоставена е пракса со години да не се врши наплата по основ на закупнина, а одговорите во домот не преземале мерки за нивна наплата по редовен или судски пат“ – посочува ревизорот. 

Финансиските извештаи, како што наведува ревизорот, се одговорност на раководството на Здравствениот дом – Охрид застапувано од Д-р Катерина Димирова, директор во периодот од март 2015 година до август 2017 година. Прашањата што биле предмет на ревизија биле дискутирани на состонок со раководството, но во однос на Нацрт – извештајот не биле добиени забелешки.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?