19 Мај, 2024
0.0287

Ресул Лога: Тоа што ги гледавме Ременски и Кирацовски ни влеа доверба, му дадовме 360.000 евра во кеш на Боки 13

Објавено во: Македонија 15 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Менаџерот на компанијата Дрим билдинг, Ресул Лога, денеска како сведок во кривичниот суд во Скопје на рочиштето за случајот „Меѓународен сојуз“ рече дека на обвинетиот Бојан Јовановски во кеш му исплатиле 350 илјади евра за да бидат дел од проектот за изградба на старечки дом.

„Дрим билдинг“ на сметката на „Меѓународен сојуз“ исплатил уште 15 милиони денари, а Лога рече дека тоа што ги гледале поранешните пратеници на СДСМ, Фросина Ременски и Александар Кирацовски, им влевало доверба дека проектот ќе успее.

„Довербата ја стекнавме дека имаше и луѓе од владата, како Фросина Ременски, на состаноците повремено присуствуваше и Александар Кирацовски и кога тие ги гледате имате доверба дека проектот ќе се реализира“, рече Лога.

Ова е уште едно неповолно сведочење кое не оди во корист на обвинетите, откако претходно на 24 март Јованка Стојановска – Кухар сведочеше дека околу 250 илјади евра му дала на Боки 13 за лажен проект откако „ги продала становите во Скопје и Словенија“.

Покрај Боки 13, обвинети за случајот „Меѓународен сојус“ се уште Ременски, Миле Јовановски и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“, Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт