19 Мај, 2024
0.0331

РЕСТРИКЦИЈА И НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ: Нема да има автобуси од 21 часот до 5 часот наутро

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Од 21 часот до 5 часот наутро, додека трае полицискиот час нема да возат ниту автобусите. Ваква одлука донесе владата на синоќешната седница, со што уште повеќе ги засили мерките во борбата против ширењето на коронавирусот.

Премиерот Оливер Спасовски рече дека се размислува во овој период јавниот превоз да се стави во целосно мирување, но за ова ќе разговараат денеска.

-Дали ќе се забрани јавниот превоз зависи од тоа какви ќе бидат проценките во однос на развојот на настаните и колку граѓаните ќе бидат дисциплинирани во почитувањето на мерките. Треба да имаме крајна одговорност. Секој граѓанин мора да биде на висина на сопствената одговорност, на секој од нас е да спасиме живот во државата, вели Спасовски.

Инаку, од синоќа и полицискиот час се скратува за еден час, па наместо до 6, сега ќе трае до 5 часот наутро. Со новите рестриктивни мерки, младите до 18 години ќе можат да се движат од 12 напладне до 21 часот, а возрасните над 67 години од 05 до 11 часот претпладне.


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична