19 Мај, 2024
0.0298

Решиле ли акционерите на ТЕ-ТО да влезат во борба на меѓусебно уништување?

Објавено во: Економија 02 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Банките имаат хипотеки и обезбедување за кредити на ТЕ-ТО во износ од околу 50 милиони евра. Кај нив е заложен целиот недвижен имот и опремата на ТЕ-ТО. Спрема акционерите ТЕ-ТО е изложен 150 милиони евра, но тие немаат обезбедување на своите побарувања. Не е јасно зошто двата акционери БХЛ и Топлификација си пуштија толку многу крв и влегоа во битка до уништување која личи на себеистребување. Затоа што ниут еден од нив нема да победи. ТЕ-ТО не може да работи без некој да вбризга меѓу 15 и 20 милиони евра за грејна сезона т.е. година. А банките ќе го гледаат својот интерес и ќе продадат имот и постројка со опрема на тој што ќе плати најмногу и на крај тие ќе одлучат за судбината на ТЕ-ТО, а не БХЛ  и „Топлификација“

Решиле ли акционерите на ТЕ-ТО : „Битар холдингс лимитед“ (БХЛ) и „Топлификација“ да влезат во борба на меѓусебно уништување? Од тоа што се случува во последниве два месеци со москавична брзина изгледа дека нема никаков простор за меѓусебно помирување и подавање рака. Вплеткани во судските лавиринти: ТЕ-ТО и неговите акционери „БХЛ“ и „Топлификација“ веројатно дека ќе завршат како топовско месо и ќе ја изгубат битката во која може да добијат само оние што имаат право врз имотот на најмодерната, најефикасната и високо профитабилна (во зависнот од цената на гасот) когенеративна централа ТЕ-ТО – тоа се банките.

Целта на оваа анализа не е да ги расудува и расчленува деталите, нетрпението, недовербата и евентуалните подметнувања и криење во законските дупки, тарашењето во судските архиви на првите луѓе на БХЛ и на „Топлификација“. Веројатно дека арно од овие судски постапки може да видат само и евентуално адвокатите на закрвените страни.

Ако се погледне структурата на обезбеденоста на долговите на ТЕ-ТО логично е да се заклучи дека на крај активацијата на хипотеките ќе значи дека банките го имаат главниот збор.. 

Ние се фокусиравме на две најважни работи: структура на долг на ТЕ-ТО и обезбедени и необезбедени побарувања и услови за рентабилност на ТЕ-ТО.

Најнов извештај за АД ТЕ-ТО е извештајот на независната ревизија за 2016 година. Според официјалните податоци на крајот на 2016 година ТЕ-ТО должел 210 милиони евра. За да добиете појасна претстава за тоа колкав товар му е долгот на ТЕ-ТО ќе ве информираме дека во 2016 година која му е најуспешна во петгодишната историја на постоење централата има вкупен приход од 30 милиони евра остварен од продажба на струја и на топлинска енергија. ТЕ-ТО е компанија што произведува струја и топлинска енергија и неговата рентабилност во огромна мерка зависи од цената на природниот гас што го добива како енергенс од кој произведува топлниска енергија и струја. Цената на гасот е ахиловата пет ана ТЕ-ТО, а неговите предности се ниво на доверливост во работењето (значи дека нема ризик да не испорача тоа што се бара оти речиси е невозможно да направи дебаланс) и тоа што е најеколошката централа на Балканот затоа што има најмало односно занемарливо загадување на животната средина. ТЕ-ТО во целост зависи од милостината на неговите акционери кои вбризгуваат кеш во форма на позајмици за компанијата да може да работи.

Суштински важна работа на ТЕ-ТО е тоа што само побарувањата на банките се обезбедени со хипотеки врз недвижниот имот и операмата на ТЕ-ТО. На крајот на 2016 година долгот спрема банките изнесувал 55 милиони евра и за негово обезбедување е имотот на ТЕ-ТО вреден 100 милиони евра. Акционерите на ТЕ-ТО на крајот на 2016 година имале дадено позајмици на ТЕ-ТО кои во најголема мерка се без камата, но и се без обезбедување. Тие изнесуваат над 150 милиони евра!

Што  ќе биде со стечајот и како после него?

Нема да нагаѓаме за можните сценарија за тоа што може да ги очекува БХЛ, ТЕ-ТО и „Топлификација“ во стечајните постапки зачинети со кривични пријави и многу меѓусебни обвинувања во кои рака на срце предничи „Топлификација“. Ако било поевтино и ефикасно решение зарем немало да биде поедноставно за БХЛ да најде начин и да ја стави под своја контрола „Топлификација“ во периодот пред да стигне ревизијата на Врховниот суд и после да донесе одлука да ги отпише побарувањата? Факт е дека на ТЕ-ТО му е неоходна финансиска инјекција за да може да стартува за претстојната грејна сезона. Просто кажано треба некој да бркне в џеб и да извади од 15 до 20 милиони евра за да набави гас. Кога се знае ова просто зачудува меѓусебниот крвнички однос на „Топлификација“ и на БХЛ. Како „Топлификација“ планира да ги наплати своите 11 милиони евра обезбедени со ревизиската пресуда на Врховен суд од „ТЕ-ТО“ ако централата не проработи?  Ќе има за земање? Или „БХЛ“ како ќе ги наплати своите 42 милиони евра или нека се 4,2 милиони евра? Не навлегуваме во тоа дали имале умисла и дали правеле крминал со цел да ја запрат „Топлификација“... 

Ако ТЕ-ТО, кој досега редовно ги сервисирал своите обврски спрема банките, престане да го прави тоа сосема легитимно е кога ќе истечат роковите да дојде до постапка на активирање на хипотеките и на продажба на имотот на ТЕ-ТО. Банките ќе се наплатат, но дали ќе остане нешто за побарувањата на акционерите? Кога ќе се има овој факт во предвид навистина зачудува зошто има толку зла крв меѓу БХЛ и „Топлификација“ кога и две страни како акционери во ТЕ-ТО се во г.... до гуша?

Како работел ТЕ-ТО во 2016 година?

ТЕ-ТО во 2016 година направил приходи од вкупни 31 милиони евра од кои од продажба за струја се 25 милиони евра и уште 6 милиони евра се од продажба на топлинската енергија. Струјата ја продавал на домашната компанија за снадбување и трговија со струја ЕДС која потоа ја извезувала во Унгарија и ја испорачувала на фирмата „Газпром Маркетинг“ затоа што тоа бил дел од договорот со снабдувачот со гас - компанијата „Газпром Швајц“, пишува во извештајот на друштвото. Во 2016 година биле произведени 550.949 мегаватчасови струја која е продадена по просечна цена од 47,2 евра за мегаватчас. ТЕ-ТО е најголем потрошувач на природен гас на македонскиот пазар и во 2016 година потрошил повеќе од 50 отсто од целото количество природен гас донесено во земјава. Веројатно тоа е и причината заради која има пониска набавна цена од другите корисници. Според извештајот на друштвото, платиле 23,7 милиони евра за набавка и другите трошоци (транспорт, пренос, царина) за 122,6 милиони метри кубни гас. ТЕ-ТО бил конкуренција и на „Топланата Исток“ во 2016 година затоа што дал пониска цена за топлинска енергија во споредба со производната цена на конкурентната топлана. Во 2016 година произвел и продал 207.000 мегаватчасови топлина. Просечната цена за мегаваттоплина е наплатен по 29 евра.

Како ТЕ-ТО може да влијае врз цената на парното?

Многу е неблагодарно да се прејудицира правниот расплет на овој јазол што сега се изврза околу снабдувањето на Скопје со топлина. Градоначалниот Шилегов најавува формирање на фирми кои ќе бидат провајдери за производство и дистрибуција на топлина и се поставува прашање како тие ќе ги заменат фирмите кои сега имаат лиценци да го прават тоа. А лиценци се издаваат токму затоа што постројките за производство и мрежата за дистрибуција и снабдување со топлина се  монополи и не може да ја користат по две или повеќе фирми. Тука е логиката да постои регулирана цена на нивните услуги од страна на независно тело во случајот РКЕ оти ако ги остават сами да утврдат цена кога нема конкуренција акде ќе им биде крајот... ТЕ-ТО е модерен и современ капацитет кој работи доверливо и испорачува навремено количества топлинска енергија. Овој е единствен приватен капацитет што може да биде конкурентен на топланите на „Топлификација“. Негов оптимален агажман може само позитивно да влијае врз сигурното снабдување со топлина и врз цената на енергенсот т.е. топлинската енергија. Сега во услови кога ТЕ-ТО нема перспектива зашто му е отворен стечај, „Топлификација“ е загрозена со стечај, градоначалникот отворено му се закани на БЕГ дека има можност да му го земе бизнисот со снабдување со топлина иако фирмата има легални  лиценци  неизвесно дали и принудна управа ќе најде решение за отвореното прашање со снабдување на Скопје со топлина. Грејната сезона ќе биде многу многу неизвесна, прашање е дали ќе има снабдување со топлина, а не по која цена ќе биде тоа реализирано...

Р. Ф.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?