21 Мај, 2024
0.0345

Реформаторите од ВМРО-ДПМНЕ одат на избори

Објавено во: Македонија 01 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Граѓанската платформа Македонски концепт синоќа најави учество на предвремените парламентарни избори со свои изборни листи на граѓанскиот собир насловен како „Чекор напред!“, што се одржа во Скопје.

На истиот беше промовиран „Граѓанскиот Манифест“ на Македонски концепт, којшто, како што велат од таму, ги поставува основите и целите на идното политичко дејствување, познато уште по тоа што произлезе од движењето за реформирање на ВМРО-ДПМНЕ.

– Цврсто демонстрираме подготвеност да одиме на избори! Ќе покажеме дека сме уникатна понуда, многу поразлична од досегашните. Нашиот концепт, нашиот македонски концепт, се нови лица, нова генерација, коишто со посветеност, стручност, издржани и свежи идеи, ќе докажат дека заеднички можеме да создадеме држава во којашто граѓаните се секогаш на прво место и која е економски и политички стабилна, најави лидерот Петар Богојески.

Тој најави дека ќе бидат понудени нови идеи и нови проекти кои што ги решаваат проблемите, наспроти личните интереси. Решенијата би биле ефективни и ефикасни, а не политичка импровизација или манипулација, додаде промоторот. Вредностите ќе бидат нормална држава, фер општество, европеизација, деидеологизација, законитост, правдина, политички дијалог…

– Ние нема да прифатиме да бидеме „трета политичка“ опција. Нашата посветеност е да бидеме прва и единствена опција, бидејќи втората не претставува ништо друго, туку мафија или опција кај која доминираат лични и партиски, а не национални и државни интереси. Нашата цел е да создадеме нормална држава! – говореше Богојески.


Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“