12 Ноември, 2019
0.0235

РЕАКЦИИ: Франција им штети на интересите на ЕУ

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2019

Франција им штети на интересите на ЕУ, вели Европската народна партија.

Георги Готев од Еурактив на Твитер прокоментира: „Толку тажно. Денес ЕУ ја покажува својата моќ против Северна Македонија, наместо да ѝ покаже заби на Турција“.

Според Роланд Фројденштајн, директор за политика на Центарот за европски студии Вилфред Мартенс, официјалниот аналитички центар на Европската народна партија (ЕПП), ставот на владата на Макрон ја изолира земјата, како уште една во низата „понови неуспеси на француската европска политика“.

Францускиот претседател, Емануел Макрон најави дека во следните месеци ќе ги посети премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама. 

Македонија вчера во Брисел не доби датум за почеток на преговори, но на ова прашање ЕУ ќе се наврати идната година на самитот во Загреб. 

„Разговаравме за нашите визии за Европа, а јас не сметам дека проширувањето е единствената политика кон соседството“, изјави Макрон, додавајќи дека ЕУ не функционира каква што е сега.

Тој рече дека бил против одвојување на Северна Македонија и Албанија во процесот на пристапни преговори, со обрaзложение дека тоа би предизвикало насилство, не само кај албанското малцинство во Северна Македонија, туку во сите земји каде има албанско малцинство.

Читајте уште

Макрон го предава Западен Балкан на неевропските сили

Можеби ќе ве интересира

Малиот Јане сега може да слави, лекот Спинраза дојде во Македонија

Малиот Јане сега може да слави, лекот Спинраза дојде во Македонија

Првично велеше дека не е Сталоне, денес таткото на Боки13 призна дека го истепал попот

Првично велеше дека не е Сталоне, денес таткото на Боки13 призна дека го истепал попот

Павле Богоевски: Не смее да се забранува носење маски на протести

Павле Богоевски: Не смее да се забранува носење маски на протести

БУЏЕТ 2020: Пензиите идната година ќе пораснат од 850 до 900 денари

БУЏЕТ 2020: Пензиите идната година ќе пораснат од 850 до 900 денари

Владата го повлече предлог-законот со кој сакаше да ги ограничи протестите

Владата го повлече предлог-законот со кој сакаше да ги ограничи протестите

Власта ќе го ограничи протестирањето според просторот и бројот

Власта ќе го ограничи протестирањето според просторот и бројот

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО МИЛЧО МАНЧЕВСКИ: Убаво ми е во моја кожа и со никого не би се менувал

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО МИЛЧО МАНЧЕВСКИ: Убаво ми е во моја кожа и со никого не би се менувал

Полковник Јанковиќ: Како членка на НАТО никогаш повеќе нема да се донесе одлука без вас

Полковник Јанковиќ: Како членка на НАТО никогаш повеќе нема да се донесе одлука без вас

Пендаровски денеска на средба со Макрон и прв вистински претседателски испит

Пендаровски денеска на средба со Макрон и прв вистински претседателски испит