Бујар Османи се обрати: Европскиот кредибилитет е нарушен, продолжуваме по европскиот пат
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2019 13:36
Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции, по своите активности во Луксембург и Брисел, денеска го објави своето гледиште откако земјата не доби датум за преговори на Самитот на ЕУ.
„Почитувани пријатели, поддржувачи, почитувани граѓани
Свесен сум дека изминативе неколку дена секој од нас, на одреден начин, беше под притисок на измешани чувства - на исчекување и надеж, но и на чувство на немир и тензија. И тоа е веројатно нормално, имајќи предвид дека европските интеграции се наша суштинска определба, а припадноста во европското семејство наша автентична ориентација.
Сакам да ве уверам дека на овој пат навистина направивме многу; направивме буквално сѐ што е во наша моќ и тоа ни го признаваат сите, буквално сите политички центри на моќ го признаваат напредокот на земјава. Од реформи со кои ја вративме довербата на граѓаните во институциите, до зрели политички компромиси со кои создадовме земја опкружена со соседи – пријатели.
И не е дека овој резултат не беше вреднуван. Стануваме 30та членка на НАТО – нашата најважна гаранција за стабилна и безбедна иднина; но минавме и во нова фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ со која институционално се поврзуваме со Унијата; го започнавме набљудувачкиот скрининг, а станавме и членки на Јадранско–Јонската група земји. Едноставно како земја навистина се вративме на евроатланскиот пат во најширока смисла на зборот.
И ова не е само наша констатација. За ова добивме потврда и од Европската Комисија, и од соседите, и од земјите – членки на Унијата. Денес 27 земји – членки побараа јасно и недвосмислено Република Северна Македонија да добие нов импулс во европските интеграции за да продолжи на патот на реформите, за што сме им особено благодарни. Но денешниот Совет на ЕУ покажа дека и на Унијата и е потребна реформа. Една земја, чие клучно барање е да се напушти принципот на консензус при одлучувањето, денес го искористи ова право за да не дозволи заокружена одлука за старт на преговорите.
Јас немам дилеми дека Европскиот кредибилитет не само во земјава, туку и во целиот регион од денес е нарушен. И тоа е нормална, логична и природна последица кога една Унија изградена на принципи ќе го наруши основниот принцип и нема да го одржи сопствениот збор. Но тоа не смее да нѐ оддалечи од европските вредности. Ние сме дел од Европа, и денешната неправда не смее да нѐ оддалечи од нашите напори да продолжиме со имплементацијата на реформи, да продолжиме во изградбата на добрососедските односи, да продолжиме да го негуваме соживотот и мултикултурното општество – едноставно, да продолжиме во изградбата на европска Република Северна Македонија.“, гласи освртот на Османи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен
Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец
Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец
Мицкоски: Партнерстовто со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно
НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ
И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното
ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција
СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери
„ЕСТАБЛИШМЕНТОТ Е ЗАГЛАВЕН ВО БЈРМ-ОВСКА ЗАВИСНОСТ ОД СРПСКО-РУСКИОТ СВЕТ“: Величковски вели дека Македонија е пред избор: ЕУ или изолација





