Расте извозот во сите слободни економски зони
Објавено во: Економија 28 Јуни, 2018
Вкупниот извоз од компаниите кои работат во слободните економски зони во првите пет месеци годинава достигнал 942 милиони евра, што е раст од 14% во споредба со истиот период лани.
Увозот, пак, од зоните во првото петомесечие од 2018-та изнесувал 805 милиони евра, што значи дека нето извозниот ефект од зоните во првите пет месеци годинава е 136 милиони евра.
Најголем извоз во првите пет месеци годинава има зоната во Скопје во износ од 796 милиони евра, која истовремено имала и најголем увоз во вредност од 683 милиони евра.
Следува зоната во Штип (55 милиони евра), Кичево (27 милиони), Тетово (21 милион), Прилеп (19,45), Струмица (11,9), Косел (8,4), Струга (3,1).
Странските компании кои работат во слободните економски зони создаваат околу 40,6 % од извозот на Македонија.