Расте бројот на заразени и во Куманово
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Март, 2021
Деновиве расте бројот на заразени и во Куманово.
Во денешниот извештај на Министерството за здравство, веднаш зад Скопје по бројот на заразени е Куманово. Во главниот град има 618, а во Куманово 94 случаи. Во Скопје активни се 8.838 случаи, а во Куманово 732.
Досега во земјата се направени вкупно 607.956 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 124.910, бројката на оздравени пациенти е 103.831, на починати е 3.607, а бројот на активни случаи изнесува 17.472.Засега нема нови рестриктивни мерки иако бројките на заразени со коронавирусот се високи.
foto Wikipedia