Рама повика Косово да разговара, Србија да соработува, а ЕУ да посредува
Објавено во: Балкан 21 Септември, 2021
Косово мора да разговара, Србија мора да соработува, ЕУ мора да посредува, вели албанскиот премиер Еди Рама за најновите случувања во регионот.
Рама го оценува како правилен проблемот што го поткрена Косово и според него реципроцитетот на регистарските таблички, што треба да се гарантира, треба да го избегне бумерангот од замрзнување на конфликтот во овој момент, како што се случи со царината од 100 отсто.
Денеска бројот на Срби на граничниот премин Јариње се зголемил во однос на минатите денови.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека го отфрлил предлогот Европската унија за компромисно решение за кризата на северот на Косово, нагласувајќи дека „му е преку глава од политиката на завршена работа“.
Вучиќ налутено додал дека Белград бара повлекување на полицијата од северно Косово.