Ракометарите во посета на православната црква во Загреб за Василица
Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2018
Ракометарите на македонската машка репрезентација го посетија православниот македонски храм „Света Злата Мегленска“ и го одбележаа празникот Василица заедно со европскиот владика отец Пимен. Тој одржа литургија и им посака среќа.
„Како што Кире ве водеше вчера, така да ве води и низ целото првенство“, рече владиката задолжен за европската епархија.
„Во Загреб доаѓале многу државници, бизнисмени но не дошле во оваа црква, а вие и покрај големите обврски кои ги имате одвоивте време да дојдете“, им порача Отец Пимен на ракометарите.
Владиката на својата страница на „Фејсбук“ посака среќна Стара Нова година и побара да нема зајадливи коментари како кај неговите вообичаени објави.
Македонија во првиот натпревар ја совлада Словенија, а утре игра против Црна Гора.