26 Април, 2024
0.0263

„ПУТИН Е ЛУДАК КОЈ ЗАПОЧНА ГЛУПАВА ВОЈНА ВО УКРАИНА“-Навални со погрдни зборови кон рускиот претседател

Објавено во: Свет 24 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални денеска остро го критикуваше и го навредуваше претседателот Владимир Путин за време на судското сослушување.

„Оваа војна е глупава, вашиот Путин ја започна и се заснова на лаги“, изјави Навални пред судот во Москва преку видео врска од затворот, пренесе Ројтерс.

Навални се најде на суд, бидејќи се жалеше на деветгодишната затворска казна што ја доби за измама и непочитување на судот, како „дополнување“ на казната од две и пол години што веќе ја отслужи.

Тој ги негира сите обвинувања и вели дека тие биле фалсификувани за да се спречат неговите политички амбиции. Судијата неколку пати го прекина, но Навални ги нарече „лаги“ „фактите“ на обвинителството и ги спореди со лагите што Путин ги употреби за да започне воена операција во Украина.

„Што сакате да постигнете? Дали сакате контрола на краток рок, да се борите со идните генерации кои се борат за иднината на Русија? Сите ќе доживеете историски неуспех“, рече Навални пред судот.

Тој тврди дека со Путиновата Русија владеат крадци и криминалци кои станале непријатели на рускиот народ.

„Лудакот ги зари канџите во Украина и не знам што сака да прави со тоа, тој луд крадец“, рече Навални за Путин.

Кремљ во неколку наврати отфрли голем број тврдења на Навални за Путин.

ФОТО: EPAYURI KOCHETKOV

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек