ПУКАЛ КОН ДЕЦА СО ВОЗДУШНА ПУШКА И РАНИЛ ДЕВОЈЧЕ ВО КОЛЕНОТО: Уапсен 70-годишен загрепчанец
Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2022
Припадниците на полициската управа на Загреб завршија
кривична истрага против 70-годишен
човек поради сомнение дека сторил кривично дело загрозување на животот и
имотот со општо опасно дело или средство, соопшти полицијата. Конкретно загрепчанецот пукал со воздушна пушка
кон група деца.
-Мажот е осомничен дека во четвртокот на 13 јануари околу 18.30 часот во населба Трешњевка со воздушна пушка повредил малолетно девојче во потколеницата. По завршување на кривичната истрага, осомничениот е во притвор, а до надлежното обвинителство е поднесен посебен извештај, соопшти полицијата.