26 Април, 2024
0.0270

ПРВИ КРИТИКИ ЗА ЗАКОНОТ - поевтините коли добиваат повисок данок

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Стигнаа и првите критики за новиот Закон за данок на моторни возила, чија примена стартува од почетокот на годинава. 

Откако минатата година го донесе Законот, Владата неодамна ја усвои и Уредбата, како и правилниците, така што веќе се знае како да се пресмета - за кое и какво возило колкав данок треба да се плати. 

Поранешниот советник на екс министерот за финансии, Бранимир Јовановиќ, има забелешки за новиот закон. Тој за Фактор вели дека со сегашново решение, кое, според него, беше донесено нетранспарентно, поевтините автомобили добиваат неколку пати повисок данок, па макар и помалку загадувале.

„Данокот на моторни возила е една од последните работи која ја координирав додека бев во министерството. Предлогот што го подготвивме, кој ѝ остана во аманет на сегашнава министерка, предвидуваше во суштина две промени - повисок данок за возилата што повеќе загадуваат и повисок данок за поскапите коли. Но, многу внимававме да не го зголемиме данокот за сите поевтини коли, туку само за оние кои многу загадуваат, за да не ги погодиме сиромашните, Сегашново решение, кое беше донесено максимално нетранспарентно, преку ноќ и без никаква дебата, е драстично различно од нашето. Со сегашново решение, поевтините коли добиваат неколку пати повисок данок, макар и загадувале малку, а поскапите коли добиваат понизок данок, макар и загадувале многу. И, да бидам искрен, воопшто не сум изненаден од ваквата политика на удирање по сиромашните, знаејќи од каде доаѓа министерката, и што сѐ направи претходно“, вели Јовановиќ.

Ова тој го аргументира и низ бројки и примери. Имено, претходно возилата се оданочуваа со акциза, и давачката тогаш зависеше само од вредноста на возилото, па поскапите возила имаа повисок давачка. На пример, возило од 4.500 евра, плаќаше акциза од 1 отсто, односно 45 евра. Всушност, стапките изгледаа вака.

Но од минатата година, според европските директиви, на возилата веќе не се плаќа акциза. Согласно Законот за данок на моторни возила, данокот на возилата зависи и од вредноста, но и од тоа колку возилото загадува, односно емисијата на ЦО2. Ова само по себе не е спорно, коментира Јовановиќ, бидејќи е добро за возилата што повеќе загадуваат, да се плаќа повисок данок, за да се дестимулира нивното купување. Сепак, нагласува, формулата за пресметката на данокот е направена така што за поскапите возила всушност се намали данокот, макар и загадувале повеќе.

Конкретно, според новиот закон и уредба, за возила до 10.000 евра, данокот зависи само од загадувањето, а формулата е - емисија на Ц02*коефициент. Притоа, коефициентот се наведени во следнава табела.

Или на пример, коефициентот за дизел возило со емисија на ЦО2 од 120 грама/км е 100, а за исто такво бензин возило е 50. Односно, дизел возило, со емисија на ЦО2 од 120, има данок од 120*100, што е еднакво на 12.000 денари, а исто такво бензин возило има данок од 120*50, што е еднакво на 6.000 денари.

За возила над 10.000 евра, пак, на овој дел се додава и дел кој зависи од вредноста на возилото, со тоа што стапките сега се во следнава табела. 

Односно, за дизел возило од 15.000 евра, со емисија на ЦО2 од 120, вкупниот данок ќе се пресмета на следниов начин: 120*100 е еднакво на 12.000 денари или 200 евра, плус 15.000 евра *4 отсто е еднакво на 600 евра, односно вкупно 800 евра.

Со стариот закон, ова возило ќе имаше акциза од 900 евра (15.000*6 отсто), што значи дека за поскапите возила, данокот по ново е понизок.

Разликата е уште поочигледна за најскапите возила. На пример, автомобил од 31.000 евра, по старо ќе имаше акциза од 5.580 евра (31.000*18 отсто). По ново, таков дизел автомобил, со ЦО2 емисија од 130, ќе има данок од 130*100 денари + 31.000*16 отсто, односно вкупно околу 5.170 евра, што е за 410 евра помалку отколку пресметката по стариот закон. 

Или, ако се споредат две дизел возила, едно од 4.500 евра со ЦО2 емисија од 120, и друго од 31.000 евра со ЦО2 емисија од 130, данокот по старо и по ново, ќе изнесува како во следнава табела. 

„Односно, второто, поскапото возило, иако повеќе загадува од првото, поевтиното, со новиот закон има понизок данок, а првото има повисок данок“, коментираат познавачите.

Министерката за финансии Нина Ангеловска, пак, неодамна изјави дека со овој закон всушност, оние што загадуваат, ќе плаќаат поголем данок. Според неа, користен бил примерот на Хрватска, каде се покажале значителни резултати со дестимулирање купување возила што загадуваат. 

„Досега даночењето на возилата беше третирано исклучиво од фискален аспект на приходи во Буџетот. Со новиот предлог-закон се стимулира набавката на еколошки возила. Најчесто купуваните возила меѓу 8.000 и 15.000 евра, со еуро стандард 5 или 6, ќе имаат дури и помал данок“, нагласи министерката.

Ангеловска неодамна и на фејсбук сподели кои ќе бидат придобивките од новиот закон,

„За возен парк кој загадува помалку; за да ја намалиме емисијата на CO2; со соодветни даночни олеснувања за биснисот; и со прилагодена пресметка на данокот за моторни возила! Помалите загадувачи да плаќаат помал данок, бидејќи цената од загадувањето ја плаќаме сите!“, напиша министерката Ангеловска.

А Царинската управа, покрај новиот закон, како и Уредбата, објави и документ „Како да се пресмета данокот на моторни возила“, во кој низ примери е објаснето како да се пресмета давачката што треба да се плати за одредени видови на возила. 

Еве дел од примерите:

ПРИМЕР 1 Вид на гориво - Бензин, ТНГ или КПГ, Емисија на CO2 – 145 гр. CO2/km Вредност на возилото* - 5.500 евра. Во овој случај данокот се пресметува на следниов начин: (5.500 евра x 0 отсто) x 61,49 + 145 x 100 = 14.500 денари 

ПРИМЕР 2 Вид на гориво - Дизел Емисија на CO2 – 145 гр. CO2/km Вредност на возилото* - 5.500 евра. Данокот во овој случај е (5.500 евра x 0 отсто) x 61,49 + 145 x 160 = 23.200 денари 

Практично, наведено е за секој вид на возило како да се пресмета крајната сума што треба да се плати како данок.

Се очекува да се види како на новиот закон ќе реагираат импортерите на нови возила, но и сопствениците на плацевите, како и граѓаните.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија