20 Мај, 2024
0.0301

Просечна цена за купување на стан е 979 евра за метар квадратен

Објавено во: Мои пари 28 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Зголемена продажба на станови за 30,5 отсто, зголемена побарувачка на простор за наем на деловни простории за 90 отсто, зголемени капацитети на хотелски соби се дел од заклучоците на Анализата за пазарот на недвижности на агенцијата Фортон.

„Податоците со кои се споредува истиот период минатата година покажуваат значително раздвижување на пазарот на станови и објекти за деловен простор. Резиденцијалниот пазар бележи зголемување на бројот на реализирани продажби за 30,5 отсто споредено со втората половина на минатата година. Зголемената пазарна побарувачка не влијаеше на просечните пазарни цени и истите останаа стабилни на 979 евра за метар квадратен”, изјави Влатко Богоевски, генералниот директор на Фортон Македонија.

froton 1

Анализата на Фортон покажува дека пазарот на деловен простор на име издадената површина е за 90 отсто повисока во однос на втората половина од 2014 година. Со ова е значително намален слободниот простор за издавање на класа „А” од бизнис центрите. За изнајмување на деловен простор биле заинтересирани најмногу ИТ и аутсорсинг компании. Цените во овој сегмент се без измени и за бизнис центрите на примарни локации таа остана на нивото од 12 до 14,5 евра.

Закупнините за трговските центри останаа стабилни, примарни закупнини (висина на закупнините најдобрите локации) се на ниво од 39 евра за метар квадратен. Примарните закупнини (висина на закупнините најдобрите локации) во главните пешачки зони се стабилизираа на 30 евра за метар квадратен по остриот пад од 15 отсто, забележан во втората половина на 2014 година.

„Генерално, трговските центри успеаја да го подобрат својот микс на закупци со што станаа поатрактивни за купувачите. Најактивни на овој пазар беа супермаркетите и продавниците за мебел кои имаа најголема експанзија на новозакупен простор”, додаде Богоевски.

Во сегментот на хотели, започна со работа ibis Hotel понудата на хотели од висока категорија во Скопје, шест хотели со 4 и шест хотели со 5 ѕвезди, што донесе дополнителни 780 хотелски соби. На пазарот не беа регистрирани капитални трансакции кои ќе предизвикаат промена во сопственичката структура на поголемите хотели. Просечното ниво на исполнетост на хотелите се задржа на 44 отсто. Во споредба со крајот на 2014 година, просечната дневна цена се намали на нивото од 110 евра, а пресметаниот приход по соба се намали на 55 евра.

„Нашите очекувања се дека цените на пазарот на резиденцијалниот простор ќе останат стабилни во претстојниот период. Се очекува банките дополнително да ја зголемат конкуренцијата на пазарот на станбени кредити со понудата на ниски каматни стапки. До крајот на 2016 година очекуваме на пазарот да се испорачаат 4.392 нови станбени единици. Поголемиот дел, речиси 70 отсто од новата понуда ќе биде во општина Аеродром, општина Карпош и во општина Центар”, смета Богоевски.

Според Фортон, се очекува и зголемување на исполнетоста за деловен простор во класа „А” сегментот, бидејќи во моментов нема најави за нови комерцијални деловни проекти, освен планираниот  бизнис центар на Cevahir Sky City со бруто површина од 12.000 м2 кои треба да биде комплетно завршен во првата половина од 2017 год. Сепак зголемен е интересот од страна на локални инвеститори за партнерство со меѓународни компании за инвестирање во проекти „уредени простор за свои потреби”. Тука влегуваат и проекти за реструктуирање, трансформација и реновирање на нефункционални малопродажни простори во деловен простор.

Нова понуда на модерен малопродажен простор се очекува во првата половина на 2017 година, со најавените отворања на Emporio Mall и Cevahir Sky City Mall во Скопје. Доколку економските движења продолжат да се движат во позитивна насока со понатамошно зголемување на странските директни инвестиции и понатамошен пад на невработеноста, се очекува зголемување на интересот за пазарот на малопродажен простор.

На пазарот на хотели не се очекуваат значајни промени се до отворањето на луксузниот хотел Marriott со 169 соби и Hilton Worldwide со новиот договор за франшиза за ексклузивниот DoubleTree by Hilton Skopje со 172 соби. Овие проекти ќе ја зголемат пазарната понуда во претстојниот период, а со тоа и конкуренцијата во овој пазарен сегмент.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО