26 Април, 2024
0.0385

Прописи кои станаа активни од 1 јануари: даноци, плати, пензии...

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Од 1 јануари 2020 расте стапката на придонеси која ќе треба да ја плаќаат работодавачите за своите работници. За пензиско осигурување ќе се уплаќа 18,8 насто од бруто платата, a за здравствено 7,5 отсто, што е за 1 процентен поен повеќе од 2018. Оваа реформа што власта ја започна минатата година треба да ги стабилизира фондовите на долг рок, но ги прави работниците поскапи и ги зголемува трошоците на работовачите. Фондот за пензиско осигурување и Министерството за труд и социјална политика очекуваат стотина милиони евра повеќе низ текот на годината.

За да се смени состојбата со возниот парк во земјата, а во насока на намалување на загаденоста на воздухот и заштита на животната средина, од денеска стапуваат на сила законската измена за данок на моторни возила, кој има цел да го намали и обесхрабри купувањето возила што не се енергетски ефикасни и кои ја загадуваат животната средина, без притоа да се загрози добросостојбата на граѓаните од социјален и економски аспект. Според новата Методологија, еколошките возила, кои се и технолошки понови, добиваат бенефит во рамките на даночењето наспроти возилата со иста вредност, а кои се технолошки постари и се со повисоки износи на емисија на јаглероден диоксид. Со ова еколошките возила со пониска стапка на емисија на CO2 стануваат економски поисплатливи за набавка во однос на оние што имаат повисок степен на загадување со CO2.

Од први јануари со стапувањето на сила на новиот Закон за акциза предвидено е воведување на ред и во производството на ракија во домашни услови. Граѓаните кои произведуваат над 200 литри, но не повеќе од 2.000 литри, ќе треба да се регистрираат, а Агенцијата за храна и ветеринарство ќе треба да ја провери. Со новиот закон за акцизи кој стапува во сила од први јануари се предвидува озаконување на производството и продажбата на домашна ракија. 

Со новиот Закон за тутун и тутунски производи и новиот Закон за акцизи за прв пат се регулира и овозможува легално производство и продажба на електронски цигари, како и производи од несогорлив тутун. Од денес на сила стапува воведувањето на нови тутунски производи кои ќе подлежат на акциза (тутун за водено луле (тутун за наргиле), тутун за џвакање, тутун за шмркање, несогорлив тутунски производ и течност за полнење на електронска цигара) во контекст на усогласување со Предлог – законот за тутун, тутунски и сродни производи и европските директиви.

Од први јануари ќе се применуваат измените на Законот за данок на личен доход со кои се става во мирување примената на прогресивниот данок на личен доход. Следните 36 месеци доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права како и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи ќе се оданочува со стапка од 10 проценти. Во мирување ќе биде ставена и стапката од 15 проценти, што значи дека стапка од 10 проценти ќе се применува и за оданочување на доходот од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капиталните добивки, од осигурување и другиот доход, соопшти Министерството за финансии.

Од први јануари се зголемува и прагот за ДДВ обврзник од еден милион денари на два милиони денари. Со измените во Законот за данок на додадена вредност се менува и периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ и истиот се скратува на три години од тековните пет години. Со тоа сите правни и физички лица кои во 2019 година не го надминале новопоставениот праг, ќе може доброволно да се дерегистрираат од системот. 

Од првиот ден од новата година ослободени од царина ќе бидат малите пратки кои ги нарачуваме од странство до 90 евра. Со донесени измени на Уредбата, се зголемува прагот на ослободување од досегашните 45 евра. Зголемувањето на прагот е во насока на зголемување на обемот на е-трговија во земјава.

Над 32 илјади вработени во образованието и науката од 1 јануари добиваат повисоки плати за 10 проценти. Повисоки плати ќе добијат околу 20.000 вработени во основното образование, 8.000 во средното, 4.500 во високото образование и 220 вработени во научните институции.

Од јануари 2020 година пензионерите ќе добијат покачени пензии за 700 денари. Со ова последно зголемување просечната пензија ќе изнесува ќе изнесува 15.500 денари. Со дополнителните усогласувања до крајот на годината ќе стигне од 860 до 900 денари.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија