19 Мај, 2024
0.0299

Промовиран глобалниот извештај на УНФПА: „Состојби на светското население – 2015 “

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Основните здравствени потреби на жените многу често се запоставени кога се дава хуманитарна помош по природни несреќи или во конфликти.

Извештајот на УНФПА „Состојби на светското население – 2015 “ поставува нова агенда за хуманитарен одговор со кој се предвидува поддршка за милионите лица оставени во заднина.

DSC02550– Здравствените потреби на жените и на адолесцентите се премногу често запоставени во рамките на хуманитарниот одговор/помош за време на природни катастрофи и конфликти насекаде низ светот, дури и во случаи кога животот и смртта на жените и девојчињата зависат од пристапот до основните сексуални и репродуктивни здравствени услуги, како што е потреба од акушерки или ХИВ-превенција, се вели во извештајот објавен денеска од стана на УНФПА, „Состојби на светското население – 2015“.

Во извештајот Состојби на светското население – 2015, „Засолниште во невреме“, се потенцира дека 100 милиони луѓе во светов во овој момент имаат потреба од хуманитарна помош, а од нив околу 26 милиони се жени, девојки во адолесцентниот период.

Клучните здравствени услуги поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје се секогаш тешко достапни во ситуации кога се најмногу потребни за преживувањето на жените и адолесцентите, се вели во извештајот. Три петини од смртноста на мајките денес се случува во земји кои се сметаат за ранливи на конфликт и природни катастрофи. Бременоста и раѓањето секојдневно убиваат 507 жени во овие услови.

BAT_0233

Здравјето и правата на жените и на адолесцентите не треба и не смее да имаат секундарен пристап во рамките на хуманитарниот одговор“, изјави извршниот директор на УНФПА д-р Бабатунде Осотимехин. „За бремените жени кои се пред породување или за девојчињата на адолесцентна возраст кои се жртви на сексуално насилство, животоспасувачките услуги се од витално значење исто колку водата, храната и безбедното засолниште.“

На промоцијата на извештајот „Засолниште во невреме“ денеска во Скопје се обрати и постојаниот координатор на Обединетите нации и претставник на УНФПА во земјава, Луиза Винтон:

DSC02614„Она што е невообичаено за годинешниот извештај, кој е објавен денеска во целиот свет, е дека една мала и мирољубива земја како Македонија е отсликана многу видливо и проминентно. Оваа информација претставува важен доказ и сведочи за огромниот број луѓе кои поминале низ земјава, според најновите процени досега оваа година - повеќе од 750.000 - во потрага по безбеден и  подобар живот.  Насловната фотографија на извештајот е направена во прифатниот центар во Гевгелија, и таа е дел од приказната која го следи искуството на едно шестчлено семејство кое бега од војната во Сирија и патува кон Белгија. Лејла веќе е мајка на 4 деца и е бремена, како и секоја шеста жена која поминува низ Македонија. Нивната приказна денес можете да ја видите и преку изложбата на фотографии. Сторијата е навистина централната точка на новиот извештај на УНФПА под наслов „Засолниште во невреме“. Во свет зафатен од хуманитарна криза сите ние треба да се потсетиме на специфичните потреби на здравствената заштита на жените и на девојките, како и на зголемениот ризик од сексуално насилство кој постои во услови на криза.“ DSC02702

Во 2015 година во медицинските центри во Македонија се направени 11 безбедни и здрави породувања без никакви последици врз здравјето на мајката и бебињата, на жени бегалци и мигранти, изјави на промоцијата претставникот на Министерството за здравство, проф. д-р Михаил Кочубовски:

„Нашата земја има изработено Национален план за подготвеност и одговор на здравствениот систем во состојби на криза. Овој план, покрај другите аспекти на здравјето, целосно е приспособен да одговори и на потребите во областа на сексуалното и репродуктивното здравје. Всушност, овие процеси на национално планирање ја ставија нашата земја во редот на лидерите во оваа област“, додаде Кочубовски.

Бидејќи потребата од хуманитарна помош ја надминува моменталната понуда, потребено е да изготвиме нов пристап со акцент на превенција, подготвеност и издржливост на нациите, заедниците, институциите и поединците. Потребна е патека која е издржлива, правична, со инклузивен развој кој ги штити правата, вклучително и репродуктивните права, се заклучува во извештајот.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО