10 Мај, 2024
0.0267

ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА ВО РИКВЕРЦ: Од 2010 година ЕСМ со континуиран пад – кризата поттикна инвестиции, но дали се доволни?

Објавено во: Економија 04 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Енергетската криза го поттикна домашното производство на електрична енергија, но сепак не е доволно да го врати производството на ниво од пред десет години. По значителниот пад на производството кое од година во година се намалуваше, минатата година за прв пат има раст на производството.

- Во Македонија во 2022 година, во електропреносниот и електродистрибутивниот систем се влезени вкупно 9.421 гигаватчаса, од кои 5.639 гигаватчаса енергија е произведена од домашните производители, што е за 6,60 отсто повеќе отколку во 2021 година, или во 2022 година произведени се 349 гигаватчаса електрична енергија повеќе во споредба со 2021 година – се наведува во Годишниот извештај за 2022 година на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ).

Сепак, како што покажуваат деталите од извештајот на РКЕ, домашното производство споредено со претходните десетина години има значително намалување.

- Значителен пад на вкупното домашно производство, односно од 6.744 гигаватчаса во 2010 година до 5.634 GWh во 2022 година, со најмало производство на електрична енергија во 2020 година, кога истото изнесувало 5.128 гигаватчаса. Најголемо влијание врз ова намалување има производството на ЕСМ Скопје, кое во 2022 година изнесува 3.755 гигаватчаса, и е за 2.722 гигаватчаса помало од 2010 година кога изнесуваше 6.476 гигаватчаса. Во анализираниот 13годишен период, производството на ЕСМ е најмало во 2021 година и споредено со производството во 2010 година е помало за 50 отсто. ЕСМ почнувајќи од 2014 година произведува енергија под 5.000 гигаватчаса годишно, додека во тригодишниот период (2020-2022) година просечното годишно производство е под 4.000 гигаватчаса – се појаснува во извештајот

Во производството на електрична енергија во 2022 година најголемо учество имаат термоелектроцентралите со 53,85 отсто, па хидроелектроцентралите со 24,80 проценти, комбинираните постројки 17,17 отто, па сите останати со 4,18 проценти

Намалување на производството има и кај хидроелектроцентралите кое зависиод хидролошките услови,и во изминатиот тринаесетгодишен период варира од максималните 2.185 GWh во 2010 година, па сè до минималните 816 GWh во 2017 година.

- Во последните 12 години не е достигнато производството на енергија од 2010 година, иако во 2012 година започнува со работа и хидроелектроцентралата „Света Петка“ – се појаснува во извештајот.

Реулаторите утврдиле дека во 2021 година е забележан историски пад на производството на електрична енергија од термоелектроцентралите на ниво од 2.078,3 гигаватчаса, од кои термоелектроцентралите во РЕК Битола произвеле само 1.864,4 гигаватчаса електрична енергија, што претставува 44,5 отсто од производството на електрична енергија во 2011 година кога тоа било и најголемо во изминатиот период од тринаесет години.

Во 2022 година состојбата се подобрува и производството во РЕК Битола изнесува 2.354 гигаватчаса што е сепак под просекот во изминатиот тригодишен период. Од друга страна утврдено е дека ТЕЦ Осломеј бележи значително зголемување на производството на електрична енергија во 2021 година и 2022 година во однос на периодот 2013 - 2020 година.

- Во 2022 година ТЕЦ Осломеј има произведено 267 гигаватчаса, за 25 отсто повеќе од 2021 година, односно 2,8 пати повеќе од 2020 година. Просечното производство на електрична енергија на ТЕЦ Осломеј во период 2013-2020 година изнесува 102,15 гигаватчаса. Најниско производство на електрична енергија во ТЕЦ Осломеј имало во 2016 година од само 26,8 гигаватчаса. Причините за намалување на производството во термоелектроцентралите се многубројните дефекти и зголемениот број на прекини во работата на РЕК Битола, намалување на ископаните количества на квалитетен јаглен, приближување кон крајот на животниот век на термоелектроцентралите и несоодветните инвестиции, намалување на ефикасноста во работењето. ТЕЦ Осломеј во последните години има многу мало производство на енергија, пред сè поради тоа што целокупните резерви на јаглен во РЕК „Осломеј“ се веќе искористени. Зголемувањето на производството во 2021 година и 2022 година се должи на набавка на јаглен од надворешни испорачатели – се наведува во извештајот на РКЕ.

Регулаторите потенцирале дека иако производството на енергија во АД ЕСМ во последните две години е повеќе од преполовено,снабдувањето во 2022 година беше континуирано поради активирање на ТЕЦ „Неготино“ и интерконективните врски со соседните електропреносни системи. Потсетуваат дека во декември 2021 година беше пуштена во работа ТЕЦ „Неготино“, која користи мазут како примарно гориво за производство на енергија и која работеше и во 2022 година. Според нив, пуштањето во работа на ТЕЦ „Неготино“ е економски оправдано затоа што произведената енергија од мазут беше пониска од берзанските цени на електричната енергија во поголемиот дел од 2022 година.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?