19 Мај, 2024
0.0292

Програма за поддршка на развојот на женското претприемништво

Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

На 25 ноември 2015 година во Велес беше отворен првиот модул на програмата за поддршка на развојот на женското претприемништво во Македонија насловена„Брилијантни претприемачи“. Во програмата поддржана од Амбасадите на Холандија во Македонија, Албанија и Косово ќе земат учество десет жени-претприемачи од Македонија и по пет учеснички од Албанија и Косово.

???????????????????????????????

Преку три интерактивни модули во вкупно времетраење од 7 месеци, учесничките под водство на холандски експерти ќе можат да ги унапредат своите менаџерски вештини и да се запознаат со најновите трендови во модерното менаџирањенакомпании.

Првиот модул кој ќе се одвива оваа недела на локација во Велес, ќе се фокусира на идентификување на талентите на жените-претприемачи и поставување на бизнис цели кои би сакале да ги постигнат во следниот период. Секоја од учесничките ќе добие насоки и поддршка завоведување на одредена иновација за својот бизнис која би била имплементирана во времетраењето на програмата.

Во вториот дел на програмата, од 6 до 11 Март 2016 година ќе биде организиранапетдневна трговска мисија во Холандија во рамките на која жените претприемачи ќе се сретнат со потенцијални деловни партнери - жени претприемачи од Холандија и ќе стекнат нови знаењаи искуства преку организирани посети нахоландски компании кои се активни во сродни дејности и индустрии.

zensko pretpriemnistvo2

Оваа програма е уникатна и во делот на опсегот кој го има, бидејќи покрај првата група од дваесет учеснички, дополнително ќе бидат вклучени и 20 млади жени претприемачи кои имаат желба да започнат свој сопствен бизнис. Тие ќе добијат поддршка за осварување на својот план преку  лично менторство и советувањево времетраење од 7 месеци од страна на учесниците во програмата – „Брилијантни претприемачи“.

За повеќе информации околу програмата „Брилијантни претприемачи може да контактирате со економскиот сектор на Амбасадата (sko-ea@minbuza.nl) или соЦентарот за женски права (trajkovska_jasmina@yahoo.com).

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО